Авион со бразилски фудбалери се урна во Колумбија | Фото/Видео

851

Авион со 72 патника и девет членови на екипажот, со кој патувале и фудбалери на бразилски клуб, се урна во централниот дел на Колумбија, соопшти денеска здружението на колумбиската цивилна авијација.

Засега не се знае бројот на евентуални жртви, но според западните медиуми шестмина бразилски фудбалери ја преживеале авионската несреќа. На местото на несреќата се наоѓаат спасувачки екипи, а преживеаните веднаш биле пренесени во болница.

Авионот на боливиските чартер летови „Ламија“ сообраќал од Боливија кон колумбискиот град Меделин.

– Веројатно авионот останал без гориво, изјавил Елкин Оспина, градоначалник на блискиот град Ла Цеха.

Поради лошите временски услови до местото на несреќата може да се стигне само по копнен пат, се наведува на Твитер налогот на аеродромските власти.

chapecoense2-001

Фудбалерите на бразилскиот клуб „Chapecoense“ требале утре да играат во Меделин против локалниот клуб Атлетико насионал во финалето на Купот на Јужна Америка.

– Ова е огромна трагедија, истакна градоначалникот на Меделин, Федерико Гутирес.

chapecoensechapecoense3

loading...