Австралиски Нордстром продава валкани фармерки за 390 евра

745

Австралиската компанија Нордстром беше прозвана на социјалните мрежи бидејќи продава калливи фармерки по цена од 390 евра.

Фармерките се опишани како типична американска работна облека, која ја симболира тешката работа. Компанијата вели дека ваквите фармерки порачуваат дека не треба да се плашите да се спуштите на земја и да се извалкате.

Овие фармерки наидоа на осуда, исто како и претходните кои на колената имаа проѕирна пластика. Голем број корисници искоментираа дека валканите фармерки се понижување на работничката класа.

loading...