Адаптивна медицина – од длабочините на вековите

1168
Booking.com INT

Несомнено, човекот во процесот на еволуцијата наоѓал внатрешни резерви за самоодржување, но, исто така, користел и различни природни супстанции кои имале адаптогени својства. Добро е познато дека адаптогените биле широко користени во народната медицина на Сибир, Кина, Алтај, Тибет и други земји од Југоисточна Азија.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Тие се спомнуваат во најстарите медицински делови на тибетската и индиската медицина. Идеите на древните исцелители сè уште не изгубиле актуелност, дури и во современата научна средина – постои правец во медицината која се занимава со проучување на човечката способност да се прилагоди на условите на животната средина, како и за развој на методи и алатки за зголемување на тие можности, познати како адаптивна медицина.

Животот не стои во место. Секогаш сè е во движење, дури и ако понекогаш тоа не е видливо: се развива, подобрува, усовршува, менува … Токму постојаните промени биле основа на еволуцијата и довеле до тоа од мала клетка, во која еднаш Природата вдишала живот, станеме Homo sapiensi (разумни луѓе), преживувајќи ги сите земни катаклизми.

Што му овозможило на човекот и на сè што е живо да преживее на Земјата? Веројатно токму прилагодување на живите организми на постојаните промену на условите на животната средина (инаку наречена адаптација), изнаоѓање нови квалитети и својства кои не овозможуваат само постоење, туку и развој и продолжување на својот род. На таков начин, адаптацијата е една од основните и животни својства на сите живи организми на Земјата.

Ништо помалку не е актуелна и способноста на адаптацијата во современите услови, бидејќи брзината на научно- технолошкиот процес се менува повеќе пати на секои десет години. Уште во средината на минатиот век, беше тешко да замислиме каква било можност за летање во вселената, а сега веќе се проучуваат прашањата за живот надвор од планетата Земја …

Секој човек, во зависност од своите генетски фактори и услови на живот има своја “резерва на цврстина”. Адаптивните можности се одредена резерва која постојано ја трошиме за одржување на рамнотежата помеѓу организмот и околината. Секоја година, животот на секој од нас станува поинтензивен и поисполнет, па, за жал, и границите на силата, неговата способност да се прилагодат на штетните услови на жиотната средина, често бидат надминати, и така доаѓа до прекин што доведува до намалена ефикасност, замор, чести болести и до предвремено стареење.

Единственото својство на адаптогените истакнато уште од дамнина е дека опсегот на нивното влијание врз организмот е многу широк, но крајната цел и резултат на нивното влијание е формирање на поголема отпорност на организмот, без оглед на моменталните штетни фактори – физички, хемиски, биолошки или социјални.
Сергеј Николајевич Удинцев

Сергеј Николајевич Удинцев

Научно – иновативниот центар Siberian Health, обединувајќи ги научниците од различни специјалности, активно развива и поддржува правец на адаптивна медицина, со која не се поврзуваат само прашањата на квалитетното живеење во современи услови, туку и со прашањата на долговечноста. Еден од водечките научници, кои веќе многу години ги проучува влијанијата на адаптогените врз здравјето на луѓето е и лекарот по медицина Сергеј Николајевич Удинцев, кој успешно соработува со Siberian Health од моментот на основањето. Проектите на тој научник се единствени, рецептите и технологијата на производството на производите врз основа на билни адаптогени се потполно оригинални, заштитени со руските патент (№ 2125815, приоритет од 08.07.97.) и многупати наградувани на државно ниво.

Адаптивните можности на организмот се едно од неговите својства врз кои се заснова здравјето на луѓето. Од тоа каква ќе биде основата зависи и силата и убавината на зградата изградена на неа – нашето здравје. Затоа Siberian Health го посветува вниманието на основните правци на медицината, во која со сигурност може да се вброи и адаптивната медицина.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...