Адел најбогата женска пејачка во Британија

267

На листата на топ 50 милионери во музичката индустрија во Велика Британија и Ирска, богатството од £ 85 милиони на пејачката, ѝ го обезбеди 30-то место – зголемено за £35 милиони во споредба со минатата година.

Единствената пејачка со поголемо богатство на списокот е ирската пејачка Enya за £ 91 милиони. Веќе 5та година по ред, Адел е, исто така, рангирана на врвот на листата Young Music Rich, земајќи ги во предвид оние на возраст од 30 години и помалку.

Богатството на 27-годишната пејачка се зголеми со нејзиниот прв албум во последните четири години, пуштен во продажба на 25 ноември. Пејачката го имаше своето деби на листата под 30 години во 2011 година, наоѓајќи се на деветтото место, но до 2012 година таа го обезбеди првото место, позиција на која се држеше оттогаш.

Адел сега е рангирана на 30тото место во Велика Британија и Ирска на листата на музички милионери, пред Сер Клиф Ричард, Гери Барлоу и Кајли Миног. Минатата година беше на 43-то место. Таа е една од само трите соло жени-музичари кои се најдоа на листата во 2016 година.

На листата Top 10 најбогати музичари се најдоа:

1. Sir Paul McCartney and Nancy Shevell £760m

2. Lord Lloyd-Webber £715m

3. U2 £500m

4. Sir Elton John £280m

5. Sir Mick Jagger £235m

6. Olivia and Dhani Harrison (wife and son of the late George Harrison) £220m

6. Keith Richards £220m

8. Ringo Starr £200m

9. Michael Flatley £198m

10. Sting £185m

loading...