Адитивите и ризикот за рак на дебелото црево | Видео

2849

Експериментите спроведени на глувци го поврзуваат внесот на два често користени емулгатори со зголемениот ризик за рак на дебелото црево, пренесуваат медиумите. 

Американските научници од Универзитетот Џорџија Стејт, објаснуваат дека внесот на овие емулгатори бил поврзан со промени во составот на цревната флора кои доведуваат до развој на воспалителни процеси и зголемен ризик за заболување од рак на дебелото црево.

Емулгаторите се додаваат на прехранбените производи за подобрување на текстурата и продолжен рок на траење.

Новите наоди се добиени со следење на последиците од внесот на полисорбати 80 и карбоксиметилцелулоза.

Додатокот во храната ги менува стомачните бактерии и промовира колоректален карцином

Ракот на дебелото црево е една од најчестите причини за смрт од рак во светот, а се повеќе истражувања упатуваат на улогата на цревните бактерии во неговиот развој.

Бројот на случаи на рак на дебело црево значително расте од втората половина од минатиот век, пишува стручното списание Cancer Research.

loading...