Аквапоника | Метод за одгледување риби и зеленчук на едно место | Видео

2571
Аквапоника1
Booking.com INT

Петар Пасков од градот Видин во северозападна Бугарија одгледува крапови и зеленчук на едно место, јави Бугарската национална телевизија БНТ.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Имено, наместо на почва, тој растенијата ги одгледува во голем аквариум каде што ги чува и рибите. Тој начин на култивација се нарекува аквапоника, но во Бугарија се уште не е доволно популаризиран, барем не досега.

Предноста на аквапониката е тоа што при процесот нема речиси никаков отпад.

На површина од 40 метри квадратни, младиот видинчанец заедно со зеленчукот, чува и над 100 крапови. Рибите ги наѓубруваат растенијата и помагаат при процесот на оплодување, а тие пак, ја пречистуваат водата.

Аквапоника
Аквапоника

Растенијата се за домашна употреба, а на празникот Свети Никола којшто е утре, краповите ќе им ги разделам на пријателите. Сакам да им покажам на младите во Видин, дека и тука има развој и просперитет, истакна Пасков, кој пред година завршил училиште.

Аквапоника
Аквапоника

Тој планира да го рашири својот „бизнис“ и конечно да почне да заработува од тоа.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...