Ако детето е немирно оставете го, често станува збор за интелигентно и бистро суштество

8395
Booking.com INT

Познатиот српски лекар, невропсихијатар, психотерапевт и книжевник, како и академик на Српската академија на науките и уметностите, Владета Јеротиќ смета дека децата се мошне комлексни суштства, кои имаат способност подлабоко да ги согледуваат работите од возрасните.

Bitcoin Exchange CEX.IO

– Верувам дека сосема малото дете гледа нешто повеќе и подалеку од возрасниот човек. Понекогаш изгледа дека тоа не ги гледа цртите на нашето лице, како што подоцна како возрасен човек ќе ги гледа, туку дека гледа нешто што е во нас, зад лицето, смета Јеротиќ.

Тој има критички став кон забраните и смета дека тие имаа спротивен ефект од посакуваниот.

– Забрана, познатата забрана. Во семејството, кога таткото или мајката на детето ќе му кажат „немој да го правиш тоа“ или „немој да јадеш“ или „јас сега морам да излезам од собата полна со играчки, но внимавај оваа играчка може да ти донесе некоја неволја“ или „имаш многу овошје, но немој цело да го изедеш ќе ти биде лошо“, е токму кога ќе кажете „не“, тогаш детето најчесто тоа ќе го направи. Имаме, ја носиме потребата забраната постојано да се крши. Но доколку таткото или мајката тоа го кажуваат со целосна љубов, при што стојам зад ставот дека нема многу луѓе кои се полни со љубов, ако му кажат „немој тоа да го правиш“, но со љубов, без трошка желба да ги послуша по секоја цена, детето нема да стори ништо лошо, додава тој.

Јеротиќ нагласува дека повеќето деца се темпераментни љубопитни и не можат да седат на едно место и додава дека тоа е знак на интелигенција, а не непослушност.

– Ако детето е немирно, пуштете го, често станува збор за интелигентно и бистро суштество. А родителите во незнаење, за мирното и послушно дете велат „моето добро дете“, а тоа е всушност уплашено, несигурно. Секако се раѓа и по некое „добро дете“, кое е едноставно такво, иако е снаодливо и паметно. Најголема грешка е тоа што немирното дете го тепаат, а тоа е најчесто интелигентно дете. И токму таа интелигенција не му дава да се помири лесно со се што ќе му се каже, смета Јеротиќ.

Тој за себе вели дека бил немирно дете и оти никогаш не би одличен ученик.

– Во средно училиште бев  многу добар, имав петка по веронаука и историја. По математика и физика имав тројка. Еден мој другар, кој сега е познат книжевник и преведувач, во средното училиште пушти гулаб од последната клупа на часот по хигиена. Малку фалеше да биде истеран од училиштето. Доби укор од класниот, укор од директорот и укор од наставничкиот совет. Тоа се мали палавштини, кои често пати ги прават интелигентните деца. Денес за многу поголеми палавштини и сериозни прекршоци, кои немаам врска со интелигенцијата, казните се многу поблаги, нагласува Јеротиќ.

Според него детето е мошне комплексна структура составена од повеќе нивоа.

– Детето се раѓа мошне сложено. Да не ги плашам младите, но фетусот се помни. Мошне е важно мајката да го носи детето радосно. Внимавајте не е исто радносно и весело. Треба да го носи колку што може со радост. Секако и таткото е важен. Треба двајцата подеднакво да го сакаат детето. И не е важно само како мајката се храни во бременоста, мошне е важно и како се чувствува, бидејќи таа чувствата му ги пренесува на фетусот. Знаете како, кога мајката е лута, детето се крие на крајот од постелката, а кога е среќна детето се качува кон срцето. Тоа е снимено од научниците, појаснува српскиот лекар.

Тој потенцира дека првите три години се најважни за детето, бидејќи тогаш се формираат темелите на неговата личност.

Владета Јеротиќ

– Детето до крајот на третата година е како сунѓер, се впива. Колку само треба мајката и таткото тогаш да се сакаат! И така нека биде пет години, а потоа нека има малку расправии, но првите три до пет години и поради детето и поради себе, детето да види, да ја впие љубовта на таткото и мајката. Ќе остане скрит, па потоа ќе го бара во бракот она што го доживеале во првите три до пет години, и доброто и лошото!, заклучува Јеротиќ.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...