Ако имате една од овие намирници во фрижидерот, веднаш извадете ја! Еве зошто

1370
Booking.com INT

Во никој случај не треба да ги чувате овие 13 намирници во фрижидер!

Bitcoin Exchange CEX.IO

1. Леб

Ако го држите лебот во фрижидер, тој побрзо ќе се стврдне и побрзо ќе се расипе.

2. Лук

Аромата го напушта лукот, но затоа сè друго што го имате во фрижидерот ќе мириса на него.

3. Компир

Ако го држите компирот во фрижидерот, тој ќе стане брашнест и ќе го загуби вкусот.

4. Домати

Ако доматите ги држите во фрижидер, тие ќе омекнат и ќе го загубат вкусот.

5. Црн кромид

Студот од фрижидер ќе направи кромидот да ја загуби аромата.

6. Мед

Медот се кристализира на ниски температури, што значи дека ќе стврдне и повеќе нема да може да се развлече. Ако го држите на собна температура, ќе трае подолго и ќе биде помек.

7. Босилек

Босилекот не поднесува ладно. Чувајте го на работната површина во кујната во свежа вода.

8. Цитрусово овошје

Од студ, кората станува груба и губат на вкусот, затоа е подобро да се чува на собна температура.

9. Кечап

Тој сама по себе содржи доволно конзерванси, и нема потреба да стои во фрижидерот.

10. Џем

Џемот, исто како и кечапот, содржи доволно конзерванси што ќе го спречи неговото расипување.

11. Маслиново масло

Ако маслиновото масло го чувате во фрижидер тоа ќе се згусне и ќе личи на путер.

12. Авокадо

Не го чувајте во фрижидер ако сакате да созрее.

13. Кафе

Ако го чувате во фрижидер ќе го изгуби својот вкус и ќе ги собере сите други мириси на храната која ја имате во фрижидерот.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...