Ако имате 0 крвна група, од ова треба да се пазите | Ќе си го сочувате живот!

23658

Луѓето со крвна група 0 се посебни затоа што можат да дадат крв на сите други групи (во еритроцитите на крвната група 0, нема фактор кој би уништил нечија крв), но тие можат да примаат само крв од својот тип на крвна група.

Но, тоа не е сè што ги прави сосема поразлични од останатите. Тие се повеќе склони кон некои болести, но, исто така, имаат и некои многу моќни карактеристики со кои се истакнуваат кај населението.

Способноста да се биде лидер, проактивност, голема количина на енергија и способност да останат фокусирани се некои од најдобрите квалитети на луѓе со крвна група 0. Тие, исто така, знаат како да бидат многу моќни и продуктивни.

Од друга страна, тие се склони кон некои болести како што се чир, дисфункција на тироидната жлезда, ниски нивоа хормони на тироидната жлезда и недостаток на јод. Овие дисфункции може да предизвикаат несакани последици, како што се прекумерната телесна тежина и задржување на вода во организмот.

Во Јапонија, крвната група 0 е поврзана со одреден вид на луѓе уште од античко време. Во интервјуто за работа, Јапонците, потенцијалните вработени, честопати ги прашуваат која крвна група се. Луѓето со крвна група 0 ги опишуваат како одговорни, посветени, организирани, фокусирани, совесни и практични луѓе. Тие, исто така, веруваат дека се побистри и подобри логичари од другите. Тоа е затоа што нивните предци биле ловци кои набљудувале и најпрецизно ја проценувале околината као би преживеале.

Интервју за работа во Јапонија

Хиперактивни и импулсивни

Кога се под стрес, тие можат да се налутат, да станат хиперактивни и импулсивни. Лошата исхрана, недостатокот на вежбање и нездравите навики и склоност кон стрес ги прави повеќе подложни на штетни метаболни процеси, како што е инсулинската резистенција, бавната активност на тироидна жлезда и дебелината.

Тие, исто така, имаат повисоко ниво на желудечна киселина од другите крвни групи, и често имаат чувствителен желудник, а имаат склоност и да развијат чир во желудникот.

Луѓето со крвна група 0 треба да избегнуваат кофеин и алкохол. Кофеинот може да биде особено штетен бидејќи го зголемува нивото на андреналинот кој и онака е високо кај луѓето со крвна група 0.

Им се препорачува физичка активност 3 до 4 пати неделно.

loading...