Ако често ги зборувате овие зборови, страдате од депресија

2722
Booking.com INT

Научниците процесуирале 64.000 испитаници, а компјутерите ги сумирале зборовите и фразите кои депресивците често ги користат.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Во зависност од тоа како спиете или како комуницирате со луѓето од околината, внимателен набљудувач може да прочита дали сте депресивни. Депресијата го менува целото однесување на една личност. Депресијата може да ја издаде начинот на говор и писменото изразување. Понекогаш овој “јазик на депресијата” може да има силен ефект врз другите. Доволно е да го разгледате влијанието на песните и текстовите на Силви Плат и Курт Кобејн, кои се убиле поради депресијата.

Научниците долго се обидувале да го одредат точниот однос на депресијата и начинот на изразување, а технологијата нѝ помага да се приближиме до целосната слика. Новата студија, објавена во Клиничката психологиска наука, сега ги открива видовите на зборови кои точно можат да одредат дали некој страда од депресија.

Традиционално, лингвистичката анализа во оваа област ја вршат истражувачи кои читаат и пишуваат белешки. Денес, анализите на текстовите со компјутерски методи овозможуваат обработка на екстремно големи банки за податоци во неколку минути. Тоа може да помогне во изнаоѓање на јазичките опции кои луѓето би можеле да ги пропуштат, бидејќи компјутерски може да се пресмета и процентот на зачестеноста на одредени зборови и групи на зборови, лексички разновидности, просечната должина на речениците, граматичките модели и многу други параметри.

Досега личните есеи и дневничките записи на депресивните луѓе биле корисни, како и делата на реномираните уметници како Кобејн и Плат. Во изговорениот збор, увид дале и исечоците на природниот говор на луѓето со депресија. Заедно, резултатите од таквите истражувања откриваат јасни и конзистентни разлики во јазикот меѓу оние со и без симптоми на депресија.

Фокусирање на себе

Јазикот може да се подели на две компоненти: содржина и стил. Содржината се однесува на она што го кажуваме – т.е. на значење или предмет на изјавите. Лицата со симптоми на депресија користат прекумерна количина на зборови кои пренесуваат негативни емоции, особено негативни придавки и прилози – како што се “осамен”, “тажен” или “мизерен”.

Уште поинтересна е употребата на заменките. Тие со симптомите на депресија користат многу повеќе лични заменки за прво лице еднина – како “мене”, “јас” и “себеси”, а многу помалку заменки за второ и трето лице еднина или множина – како “тој”, “тие” или ” таа “.

“Овој модел на користење на заменки сугерира дека луѓето со депресија повеќе се фокусирани на себе и помалку поврзани со другите. Истражувачите известиле дека заменките, всушност, се посигурни во идентификување на депресијата од негативните емоции.

Знаеме дека заедничките карактеристики на депресијата се инсистирање на личните проблеми и социјална изолација. Сепак, не знаеме дали таквите однесувања се нарушување на вниманието или стил на размислување. Дали депресијата предизвикува фокус на себе или луѓето стануваат депресивни само кога се фокусираат на себе?

Јазичниот стил се однесува на начинот на кој се изразуваме, но не и на содржината. Истражувачите проучувале голем број текстови на 64 различни интернет-форуми за ментално здравје и опфатиле 64.000 испитаници.

“Апсолутните зборови” кои пренесуваат апсолутни големини или веројатности, како што се “секогаш”, “ништо” или “целосно”, повеќе укажувале на менталната состојба отколку употребата на заменките или искажувањето на негативните емоции.

Од самиот почеток, предвидовме дека оние со депресија ќе имаат почести црно-бели погледи на светот и дека тоа ќе се манифестира во нивниот јазичен стил. Во споредба со 19 различни контролни форуми (на пр. Mumsnet и StudentRoom), почесто користење на апсолутните зборови е околу 50 проценти поголемо во вознемирена и депресивна состојба, а околу 80 проценти поголема кај самоубиствените членови на форумот.

Спротивно на тоа, парадоксално е дека негативните емоции биле помалку застапени во самоубиствени текстовит отколку кај анксиозните или депресивните лица.

Оптимизмот на закрепнатите

Истражувањето ги опфати и форумите на кои се јавувале луѓе кои мислеле дека депресивните епизоди се зад нив и пишуваат позитивни и стимулирачки текстови за закрепнување. Тука откривме дека зборовите со кои ги изразувале негативните емоции ги користеле на ниво на споредливи т.н. контролни форуми, па така, ги користеле таквите зборови во вообичаените количини, додека го зголемувале бројот на зборовите со кои ги изразувале позитивните емоции за дури 70 проценти. Сепак, зачестеноста на апсолутните зборови останала значително повисока од вообичаената, но малку пониска отколку во анксиозните и депресивните форуми.

Клучот е дека оние кои претходно имале депресивни симптоми се со поголема веројатност дека повторно ќе ги имаат. Затоа, нивната поголема склоност да се размислува во апсолутни категории, дури и ако во моментов нема симптоми на депресија, може да биде знак кој ќе игра важна улога во предизвикувањето на нова епизода на депресија. Истиот ефект може да се види во количината на употребата на заменките, но не и со употреба на зборови со кои ги изразувале негативни емоции.

Со разбирање на јазикот на депресијата можеме да го разбереме начинот на кој мислат луѓето со симптоми на депресија, но, исто така, има практични импликации. Истражувачите комбинирале автоматизирана анализа на текстовите со анализа на текстови од „машини за учење“ (компјутери кои можат да учат од искуство без претходно програмирање) за да ги класифицираат различните ментални состојби од вообичаениот јазик, како што се блоговите.

Бидејќи ваквото истражување покажало подобри резултати од она што професионалните терапевти го направиле, значи само дека компјутерите обезбедиле обработка на повеќе податоци и примениле пософистицирани алгоритми. Она истражување кое користело компјутери обезбедило подобар увид во подкатегориите на менталното здравје и укажало на проблемите на перфекционизамот, самодовербата и анксиозноста.

Се разбира, можно е јазикот кој се поврзува со депресијата не секогаш мора да укажува на депресија, туку само на привремено страдање. Но, Светската здравствена организација проценува дека повеќе од 300.000.000 луѓе се соочуваат со депресија, а таа бројка пораснала од 2005. година за дури 18 проценти. Новиот метод би можел да ги спречи фаталните последици и да ги спречи самоубиствата, пишува QZ.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...