Акупунктура за миленици

444

Веројатно сте слушнале за акупунктура за луѓе, но старата кинеска терапија добива на популарност и меѓу сопствениците на миленици како холистички додаток на традиционалната ветеринарна грижа.

Како и кај луѓето, мали игли се забодуваат во кожата на животните на определени точки во обид да се намали болката преку стимулација на циркулацијата на крвта.

Кај мачките и кучињата тоа вообичаено се користи кај мускулоскелетните и хроничните болки, како што се артритисот или гастроинтестиналните проблеми.

loading...

Тоа се појави пред неколку децении. но остана неконвенционален метод и алтернативна терапија кој повеќето ветеринари не го користат.

Но, како и со акупунктурата во медицината за луѓе, голема доза на скептицизам ја обвива и практиката кај милениците. Во едно истражување од 2006 се вели дека нема „потврдени докази да се препорача или одбие акупунктура“ во ветеринарната медицина заради недоволните и ограничени истражувања.

Сепак, илјадници сопственици на миленици и ветеринари се колнат дека процедурата го подобрува квалитетот на животот на милениците – посебно кај постарите и хронично болните животни.

Една мејнстрим теорија во истражувањата на акупунктурата се токму ослободувањето од привремените болки преку реагирањето на клетки кои ослободуваат природни лекови против болки наречен аденозин околу местото на забодување на иглата.

Критичарите пак тврдат дека сопствениците на миленици пренесуваат „плацебо ефект“ на оние кои го набљудуваат процесот.

Лара Сипниевск, клинички професор за медицина на мали животни на Оклахома универзитетот, е голем бранител на практиката на оваа тема.

Таа за Би-Би-Си објасни дека првпат го применила овој третман кај животни затоа што кај нив не можеле да се користат традиционални лекови за намалување на болката, затоа што имале проблеми со бубрезите или црниот дроб.

– Улогата на животните во нашите животи значајно се промени – тие порано спиеја надвор, а сега сопруг се брка од креветот за да му направи место на кучето, вели таа.

Превентивните лекови значат дека животните сега живеат многу подолго. Акупунктурата е само еден дел од поширокиот план за третмани за да се овозможи страдањето на животните да им биде поподносливо и за тие да можат да уживаат во животот. Се поголемата популарност на овој третман е дефиниѕтивно водена од клиентите, луѓето ме прашуваат дали може нешто да се стори за да се намалат дозите со лекови кои им ги даваат на нивните миленици. На почетокот, луѓето се 100 проценти скептични но набрзо се запрепастени од резултатите.

Ројтерс разговараше со ветеринарот Џин Ришан од Шангај, кој рече дека третирал над 2.000 домашни миленици откако ја отворил клиниката во 2013 година. Тој тврди дека кај 80 проценти од животните е забележаноп подобрување на нивната здравствена ситуација откако биле под овој третман.

Критичарите пак тврдат дека забележаните подобрувања биле под влијание на „плацебо ефектот“.

Лив Вилс од Хертфордшир во Англија објави фотографии на социјална мрежа од нејзиниот 15 години стар мачор Барни како мирно прифаќа третман со акупунктура откако ветеринарот и сугерирал дека тоа ќе му помогне против се полошуте проблеми со варењето на храната.

– Му стави 14 игли, меѓу кои една и на носот, а не ни воздивна. Веднаш се смири. Претходно не сум чула дека се применува и на животни, но јас и мајка ми не можевме да поверуваме каолку мирно го поднесе сето тоа. Вообичаено по посетата кај ветеринар тој е расположен и динамичен, но сега само легна и се испружи на подот. Ефектите не беа толку драматични, но му букиравме уште две сеанси откако му се врати апетитот, рече таа.

Во САД, фармацевтските компании за животни се сега индустрија вредна милтимилијарди долари, затоа што сопствениците миленици се обидуваат да го продобарт квалитетот и должината на животот на нивните миленици.

Но во 2015, Американската асоцијација на болници за животни (ААХА) и Американската асоцијација на практичари за мачки (ААФП) издадоа заеднички упатства во кои акупунктурата се квалификува како „успешен и безбеден метод за контрола на болката“ и кој „треба секогаш да се има предвид“ како дел од контролата на болката кај милениците.

Овие упатства натераа многумина да ги прифатат алтернативните терапии, како што се акупунктурата, хидротерапијата и коропрактиката во иднина можат да станат популарни преку глобалната ветеринарна медицина.

Би-Би-Си – Лондон

loading...