Алармантна состојба | Епидемијата на мали сипаници не се смирува, во Србија повеќе од 2.000 заболени

764
Booking.com INT

Во Србија и во северно Косово во моментов има повеќе од 2.000 луѓе со мали сипаници, се официјалните податоци на Институтот за јавно здравје “Д-р Милан Јовановиќ Батут” во Белград, а експертите проценуваат дека крајот на епидемијата не е на повидок.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Од почетокот на октомври 2017 година, заклучно со 9 февруари 2018 година, на територијата на Србија, како и на територијата која е во надлежност на Институтот за јавно здравје на Косовска Митровица, од вкупно 2.035 случаи на мали сипаници, од кои 1.022 се лабораториски потврдени во Институтот Торлак, објави на својот веб-сајт Институтот за национало здравје.

Епидемијата започнала во северниот дел на Косово во октомври и се проширила во централниот дел на Србија, каде што секојдневно се регистрира од 40 до 100 нови случаи на зараза со мали сипаници, а досега се забележани два смртни случаи.

Повеќето заболени се во старосни групи помлади од пет години и постари од 30 години, најмладиот пациент е бебе на возраст од само 15 дена, додека најстариот има 65 години.

Од потешките компликации, регистрирано е воспаление на мозокот, но и пневмонија кај 241 пациент. Повеќето луѓе – околу 94 отсто, не се вакцинирани, нецелосно вакцинирани или од непознат статус, наведуваат во Националниот институт.

По бројот на заразени од сипаници водечки е Белград (717) и Ниш (430), епидемиите биле пријавени уште во 17 градови низ Србија, а во моментов , според тврдењата на белградскиот печат во саботата, уште 25 потенцијални жаришта, бидејќи се регистрирани индивидуални случаи – од еден до седум инфицирани во Чачак, Ужице, Врање, Рума, Тутин, Топола, Љиг и Ваљево.

Во Белград е зголемен процентот на вакцинирани од 65 проценти на крајот на 2016. година на 84 проценти на крајот на минатата година, но епидемиолозите и имунолозите тврдат дека “тоа не е доволно за колективен имунитет”, па проценките на експертите дека епидемија на мали сипаници во главниот град на Србија нема да биде целосно изгасната до крајот на оваа година.

“Примената на законската забрана за влез во градинките без потврда дека детето е вакцинирано, или дека од медицински причини не може да ја прими вакцината, е мерка која би требало да го “затвори кругот “на заболувањата во детските градинки”, пишува белградскиот весник Вечерње новости.

Печатот укажува дека “Србија има уште околу 45.000 деца кои не добиле ММР по распоред на вакцинација” и дека интервентно се вакцинирани околу 30.000 кои ја “прескокнале” ММР вакцинацината според редоследот на вакцинирање кој го пропишува Светската здравствена организација и локалните прописи.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...