Албер Ками | Четири заповеди на слободниот новинар

519
Albert Camus

Во 1939 година слободниот новинар не очајува и се бори за тоа што верува дека е вистина, дека неговото делување може да влијае на текот на настаните. Не објавува ништо што би можело да поттикне омраза или да предизвика очај. Сето тоа е во негова моќ.

Тешко е денес да се спомне слобода на печатот, а да не ве обвинат за неумереност или дека сте Хари Мата Хари, или да не ве наречат дека сте роднина на Сталин. Меѓутоа, таа слобода е едно од лицата воопшто и треба да се разбере нашата истрајност во нејзината одбрана, ако признаеме дека не постои ниту еден друг начин навистина да се победи во војната.

Секако, секоја слобода има свои граници. Уште само треба слободно да се препознае. Впрочем, за пречките кои денес стојат пред слободното мислење, рековме се што можеме да кажеме и ќе зборуваме уште, се што можеме, до заситување. На пример, никогаш нема да престанеме да се чудиме, кога е наметнато начело на цензура, дека преносот на текстовите објавени во Франција кои тамошните цензори ги одобриле, се забранети во Ле Соир Републикан (дневен весник кој е објавуван во Алжир, чии уредници биле Албер Ками и Паскал Пиа). Фактот дека во тој поглед еден весник зависи од расположението или компетенцијата на еден човек, укажува подобро од што било на степен на неосвестеност во кој се најдовме денес.

loading...

Едно од добрите правила на филозофијата достојни за да ја нарекуваме така, е никогаш да не се расфрламе со претерани поплаки пред состојбата на работите кои не можат повеќе да се избегнат. Во Франција денес повеќе не е прашање како да се зачува слободата на печатот, туку како во тоа новинарот, пред укинувањето на тие слободи, да може да остане слободен. Проблемот не се однесува повеќе на колективот. Тој се однесува на поединецот. А токму тука сакаме да ги одредиме условите и методите преку кои слободата може и среде војна, не само да се зачува туку и да се изрази.

Постојат четири такви методи: Луцидност, одбивање, иронија и воздржаност

Луцидноста претпоставува отпор на занесите на омраза и култ на фаталноста. Според нашето искуство во светот, сигурно е дека се може да се избегне. Самата војна, која е човечки феномен, може да се избегне во секој момент или да се спречи со човечки средства. Доволно е да се познава историјата на европската политика последните години за да бидеме сигурни дека војната, каква и да е таа, има јасни причини. Тој бистар поглед на работите ја исклучува слепата омраза и безнадежноста оставена без контрола.

Во 1939 година новинарот не очајува и се бори за тоа што верува дека е вистинито, дека неговото делување може да влијае на текот на настаните. Не објавува ништо што може да поттикне омраза или да предизвика очај. Сето тоа е во негова моќ. Пред плимата на глупости, исто така треба да се спротивстават на неколку одбивања. Сите присилувања на овој свет не можат да внесат ниту малку честит дух да се прифати нечесност. Значи, а и според тоа колку го познаваме механизмот на кружење на информациите, лесно можеме да се увериме во автентичноста на некои вести.

Токму на тоа слободниот новинар мора да го насочи целото свое внимание. Бидејќи, ако не може да каже се што мисли, може да не го каже она што не го мисли или што смета дека е погрешно. Според тоа еден весник се мери според тоа што ќе го каже, а и според тоа што нема да го каже. Таа целосна негативна слобода е најважна од сите, ако знаеме да ја одржиме. Бидејќи таа подготвува доаѓање на вистинската слобода. Според тоа, независен весник го обелоденува потеклото на своите информации, помага на читателите во нивната проценка, одбива пропаганда, ги укинува навредите, ја прикрива униформираноста на информациите во коментари, т.е. накусо, служи на вистината и на човековата мера на своите сили. Таа мера, колку и да е релативна, му дозволува барем да го одбие тоа на кое ниту една сила на светот не може да го присили: Да служи на лагата.

Така стигнуваме до иронијата. Начелно можеме да претпоставиме дека духот кој има наклоност и средства за наметнување на присила, е непробоен на иронијата. Не гледаме баш дека Хитлер, да се послужиме само со еден од многуте примери, се служел со сократовската иронија. Еднакво е вистина, значи, дека иронијата е единствено оружје против моќниците.

Таа го дополнува одбивањето бидејќи дозволува не да се отфрли она што е лажно, туку често да се говори она што е вистинито. Во 1939 година слободниот новинар не негува премногу илузии за паметта на тие што го угнетуваат. Тој е песимист. Вистината изречена со догматски тон се цензурира девет до десет пати. Истата таа вистина изречена на шега, се цензурира пет до десет пати.
Тој распоред прилично точно претставува способност на човечката интелигенција. Објаснува зошто француските весници Le Merle или Le Canard enchaine (француски сатирични весници) можат редовно да објавуваат храбри натписи какви што ги познаваме. Во 1939 година слободниот новинар значи е нужно ироничен, иако често против своја волја. Но, вистината и слободата бараат конкубини, бидејќи имаат малку љубовници. Откако, накусо ја опишавме таа состојба на духот, јасно е дека таа не може успешно да се одржи без минимална доза на истрајност.

Низа пречки стојат на патот на слободата на истражувањата. Но, не се најостри пречки тие кои би можеле да го обесхрабрат духот. Бидејќи, заканите, прекин на работата и гонењето главно во Франција доведуваат до спротивен ефект од саканиот. Но, треба да се признае дека постојат обесхрабрувачки пречки: Постојаност во глупавоста, млитавост, агресивна ограниченост, да наведеме само некои. Тука се наоѓа и голема пречка која треба да се совлада. Истрајноста во овој случај е кардинална доблест. Низ интересен, но и очигледен парадокс, се става во служба на објективноста и толеранцијата.

Значи, тоа е склоп на правила за зачувување на слободата се до сржта на ропството. А потоа? Ќе кажете: Потоа? Не брзаме премногу. Кога секој Французин би сакал во своето опкружување да го задржи она што смета дека е вистинито и праведно, кога со својот мал удел би сакал да помогне во одржување на слободата, кога би одбил да се препушти и би сакал да ја истакне сопствената волја, само и само тогаш би ја добиле оваа војна, во вистинска смисла на зборот.

Да, слободниот дух на овој век често прибегнува кон иронија против своја волја. Но, како да се најде било што шашливо во овој нервозен свет? Доблест на човекот е да се одржи пред сѐ што го порекнува или негира. Никој не сака за 25 години повторно да го почне двојното искуство од 1914 година и 1939 година. Значи, треба да се обидеме со целосно нови методи на правда и великодушност. Но, тие се искажуваат само во веќе слободни срца и во уште поитар дух. Да се обликуваат тие срца и тој дух или можеби само да се разбудат, е истовремено скромна и прецизна задача која го зафаќа секој независен човек. Треба да се држиме до тоа и да не гледаме повеќе напред. Историјата овие напори ќе ги уважи, а можеби и нема. Но, тие се направени.

loading...