Алергиите во голема мерка влијаат на квалитетот на животот, а еве како …

3481
Booking.com INT

Го исцрпува телото на толку многу начини

Bitcoin Exchange CEX.IO

Светската здравствена организација го дефинира квалитетот на животот како перцепција на индивидуата за неговата позиција во специфичен културолошки, социјален и еколошки контекст. Што значи тоа?

Кивањето, црвенилото на очите, течењето на носот … се само некои од непријатните симптоми кои на алергичарите повремено им пречат во секојдневниот живот. Сепак, луѓето кои страдаат од алергии добро знаат дека оваа потешкотија е многу повеќе од наведените симптоми.

(Но, како тоа да не е повеќе доволно, алергиите со себе носат, многу поголем проблем. Тие всушност, иако можеби за тоа никогаш не сте размислувале, многу “се мешаат” во сите аспекти на животот на луѓето кои страдаат од алергии.)

Значи, покрај здравјето, заради алергиите страда и квалитетот на животот на алергичарите.

Квалитетот на животот во однос на здравјето можеме да го дефинираме како функционално влијание на болеста и нејзиното лекување кое се базира на перцепцијата на пациентот, изјавиле во 1996 година Harvey Schipper и неговите соработници.

Од друга страна, пак, Светската здравствена организација го дефинира квалитетот на животот (во поширока смисла), како перцепција на поединецот за неговата позиција во одреден културолошки, социјален и еколошки контекст.

Што значи тоа?

Во последниве години имаше многу дискусии и говори за концептот на квалитетот на животот во другите сегменти од животот, па и во медицината.

Целта е, во медицински поглед, да се подобри соработката меѓу пациентите и лекарите, да се прилагоди терапијата, да се намали повторувањето на болеста и подобрат условите на животот на луѓето кои страдаат од хронични болести.

Но, за разлика од влијанието на болеста во однос на физичките симптоми кои се одразуваат на сѐ вкупното здравје на поединецот, постојат и индиректни проблеми за кои ретко се зборува.

(Со оглед на фактот дека луѓето со алергии имаат видливи симптоми во околината, како што се кивањето, кашлањето, отежнатото дишење, солзењето, промени на кожата – битно влијаат на квалитетот на животот.)

Најчестите индиректни алергиски проблеми

Честото отсуство од работа во сезоната на алергиите, не е невообичаено за алергичарите да земат неколку слободни дена, платен годишен одмор или да отворат боледување поради проблемите од изложеност на алергени.

Поголеми здравствени трошоци: освен парите што ги трошат на влажни марамчиња, инхалации, посети на солени соби, прочистувачи на воздухот, правосмукалки и слични помагала, алергичарите многу трошат и на рецептни и на безрецептни лекови, а во случај да отворат боледување и месечните примања им се намалуваат пропорционално со бројот на деновите кога отсуствувале од работата.

Недостатокот на сон и намалениот квалитет на сонот: симптоми на алергискиот ринитис често ги мачат алергичарите како во текот на денот така и во текот на ноќта. Имено, поради слабо контролираните симптоми, алергискиот ринитис влијае и на спиењето и на неговиот квалитет.

Поспаност и замор: со оглед на фактот дека се ненаспани, не изненадува фактот дека алергичарите во сезона на алергиии се деконцентрирани, незаинтересирани и видливо уморни, а со тоа им е намалена и работната ефикасност.

Главоболка: Оваа непријатност е својствена за луѓето кои страдаат од хронични болести, па така и за алергичарите.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...