Алергиска реакција на миленичиња – што да направам?

1291

Најчестите симптоми на алергии се кивање, кашлање, солзење на очите, течење на носот, понекогаш јадеж на одредени делови од телото, главно на оние со кои детето било во контакт милувајќи милениче.

Млади сте, во врска, имате прекрасно милениче кое ве дочекува дома и скока кон вас или ве придружува во текот на патувањето, дружењето со пријателите и оди со вас во природа.

Партнерот и вие сте се согласиле во сѐ и имате големи планови за во иднина. Во таа иднина се гледате со уште еден друг член: дете. Целата животна мудрост, учење и развој во бизнисот сте го фокусирале во реализација на овие планови. Успеавте во тоа, и сега освен сите други познати и непознати факти загрижува и онаа како ќе го вклопите во тој соживот и миленичето … затоа што тука се влакната или пердувите, а детето е многу мало и може да се развие некој вид на алергиска реакција на домашно милениче.

loading...

Не грижете се, животот прави чуда. Чудата се организмот и чудо е науката – имунологија. Таа објаснува како вашето дете ќе се развива со домашното милениче и другите членови на семејството. Ако вие или вашиот партнер имате алергија, веројатно ќе ја развие и вашето дете поради тоа што е генетски предиспонирано за развој на алергии.

Изложеност на алергени од бебешко време

Exposure to allergens Baby time-001

Научниците дошле до заклучок дека децата од рана возраст до една година од животот, растат со домашните алергени (на пр. влакна од миленичиња, пердуви, крлежи, други домашни бактерии и вируси), го зајакнуваат имунолошкиот систем побрзо од децата кои растат “под стаклено ѕвоно” и во подоцнежната возраст развиваат помали алергиски болести, особено астма.

До истиот заклучок дошле и американските научници од болницата Хенри Форд во Детроит, кои следеле 568 деца од раѓањето до 18-тиот роденден. Тие откриле дека поголемиот дел од децата со домашни миленици во рана возраст имале намален ризик од развој на алергии. Поточно, и момчињата и девојчињата, кои живееле во едно домаќинство со мачка имале половина ризик од развивање на реакција на чувствителност на мачки подоцна во животот, а момчињата чии најдобри четириножен пријател е кучто имале половина помал ризик од развивање на алергиски реакции на преосетливост на кучиња подоцна во животот .

Алергија на влакна?

Кога се зборува за зачестеноста на алергии на домашни миленици, во предност се кучињата, бидејќи ги има повеќето во домаќинствата, но и други животни се застапени (мачиња, заморчиња, хрчаци, птици). Врежано е мислењето дека постојат “хипоалергиски” кучиња и мачки, бидејќи не ги губат влакната, а се смета дека таа е најчеста причина за алергии. Вистината, всушност, лежи во протеините кои се ослободуваат од плунката и серумот на кучињата и мачките, и со уредување на влакната (со лижење) и преку лојните жлезди доаѓаат на влакната на кучето и мачката, од каде што со сушење се испуштаат во воздухот и на тој начин, преку вдишување, кај предвремено родени бебиња, децата и возрасните луѓе предизвикуваат алергиски реакции.

мигра-001

Со оглед на фактот дека мачките често се уредуваат со лижење, алергиските реакции кај нив се поинтензивни. Најчестите симптоми на алергии се кивањето, кашлањето, солзењето на очите, течење на носот, понекогаш јадеж на одредени делови од телото, главно оние со кои детето било во контакт милувајќи милениче. Ако преосетливоста е изразита, може да се случи и анафилактичен тип на реакција која бара итна лекарска помош. Овој тип на реакција се манифестира со ненадејна појава на едема (оток) и црвенило кое може да се види од надвор (на пример, оток на очните капаци, усните, носот), но најмногу загрижуваат оние кои не ги гледаме – а можат да предизвикаат задушување (едем на јазикот, глотисот и др.)

Алергените на други домашни миленици (урина и измет на заморчињата, зајаците и птиците), исто така, може да предизвикаат многу сериозни симптоми на алергии кај децата, како што се губење на здив, црвенило и осип, солзење на очите, кивање и други симптоми на алергиски реакции.

Интересно е тоа што вашето дете сепак може да развие алергиска реакција на миленичиња и кога се далеку од дома. “По долготрајна изложеност на алергени, еднаш поттикнати симптоми може да се појават и неколку дена откако
причината е отстранета”
, вели алергологот James L. Sublett, претседател на Одборот за внатрешни алергени при Американскиот факултет за алергија, астма и имунологија (ACAA). “Уште поважно е, дека алергенот може да биде пренесен алергија на влакна-001преку облека и на други работи во други простории.”

Исто така, важно е да се напомене дека ако само накратко го отстраните миленичето од вашиот дом, нема да бидете сигурни дека проблемот навистина е решен, бидејќи влакната, првутот и другите алергени на милениците остануваат во просторот уште долго време.

Ако сте навистина сигурни и дијагнозата на алергии на вашето дете е потврдена, пронајдете му на миленичето нов дом. Во никој случај не се ослободувајте од миленичето на свиреп начин, исфрлувајќи го од својот дом на улица.

Запомнете, и тој е член на семејство и го заслужува сето внимание, нега, грижа и љубов, која ја добивал досега! Подобро обратете му се на соседот, роднините, пријателите или здружението кое ќе се погрижи и за него ќе пронајде нов дом.

loading...