Алтернативна медицина | Домашен лек за проширени вени

76
Booking.com INT

Овие едноставни третмани ќе ви помогнат и да ги елиминирате отоците на долните екстремитети.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Повеќето луѓе се запознаени со корисните својства на доматите, но малкумина знаат дека со помош на доматите можат да излечат варикозни (проширени) вени.

Постојат два начини на лекување на проширени вени, со помош на зелениот и црвениот зрел домат.

Третман на проширени вени со зелени домати

Зелените домати се едноставен народен лек за борба со варикозата. Неопходно е да се измијат неколку зелени домати и да се исечат на парчиња или прстени. Парчињата зелени домати треба да бидат поставени на јазлите на проширени вени, на самите вени и на постоечката капиларна, венска мрежа. Доколку е потребно, врзете ги со завој. Чувајте ги доматите на тие места сѐ додека не дојде до чувството на пецкање на кожата.

Ако не можете долго да трпите, отстранете го веднаш штом ќе почувствувате пецкање и измијте ги вените со ладна вода. Но, ако оваа постапка добро ја поднесувате, резултатот ќе биде видлив многу наскоро. Оваа постапка треба да се повтори 5 пати на ден, по можност по ред.

По две недели на спроведување на вакви секојдневни постапки, венските јазли ќе почнат да бледнеат. На крајот ќе исчезне капиларната мрежа, јазлите, отокот и болката во вените.

Третман на проширени вени со зрели црвени домати

Постапката е слична на претходната. Зрелите домати треба да се измијат, да се исечат на тенки парчиња (прстени) и треба да се стават на болните вени на 3-4 часа и да се зацврстат со завој. Со следниот третман користениот домат треба да се замени за свеж. Оваа постапка препорачливо е да се спроведува во вечерните часови или во текот на ноќта.

Курсот на траењето на лекувањето е индивидуален. Можете да го извршувате цело лето и во комбинација со зелени домати.

Доматот има лековити својства, бидејќи во него, покрај семињата, постои супстанца која е по своите својства слична на ацетилсалицилна киселина (аспиринот). Оваа киселина се смета за антикоагуланс, кој ја разредува крвта и не ѝ дава стагнација. Покрај тоа, доматот има флаваноиди, кој ги зајакнуваат ѕидовите на крвните садови.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...