Алтернативни лекови против рак | Додатоци во исхраната

575

На интернет можат да се прочитаат најразлични природни лекови против ракот.

Глуварчето, содата бикарбона, витаминот Б 17, се само дел од алтернативните лекови кои се препорачуваат во борбата против оваа смртоносна болест.

Стручните лица предупредуваат дека не треба да им се верува на овие „лекарства“, бидејќи нивната ефикасност не е научно потврдена.

Онколозите не веруваат дека постои лекување карциноми без хемотерапија или без соодветен онколошки и радиотерапевтски третман.

Но, алтернативните лекови ако не ви помогнат, секако не може ни да ви одмогнат.

Во продолжение на текстот ви пренесуваме неколку природни лека против ракот.

Глуварче

Глуварчето е едно од најраспространетите и лесно достапни растенија на нашето поднебје. Тоа како лек првпат се споменува во записите на арапските лекари во десеттиот и единаесеттиот век. За глуварчето е карактеристично што може да се користи и јаде целото растение. Сите негови делови, коренот, стеблото, листовите и цветовите, има своја вредност и значење за здравјето.

Коренот од глуварчето се препорачува за лекувањето на карцином.
За да се користи, коренот мора прво да се исуши. Пред тоа треба внимателно да се излупи и да се исече на еднакви мали парчиња. Потоа се суши на свеж воздух, раширен на подлога во период од 3 до 14 дена. Дека е сув ќе препознаете кога ќе стане ронлив на допир. Сувиот корен ги задржува лековитите својства една година ако се чува во стаклен сад на суво и темно место. Коренот е добар за црниот дроб, бубрезите и за лимфата, лекува запек, артритис, ревма, хапатитис и ја чисти кожата. Изразито корисен е за женски заболувања, особено за болести на дојките како цисти, карциноми, отечени гради и проблеми со доењето и млекото.

Хрватскиот професор по генетика Маријан Јошт тврди дека глуварчето ги убива малигните клетки во организмот на човекот.

-Благодарение на ова растение, јас сум се’ уште жив, вели професорот, кој го потврди сознанието до кое дошле научниците од Универзитет Виндзор во Канада. Имено, чај од глуварчето дејствува на клетките зафатени со карцином, и тие се распаѓаат во рок од 48 часа, а за тоа време не заболува ниту една здрава клетка.

Младо кравјо сирење плус ленено масло

Истражувањата на германската биохемичарка д-р Јохана Бадвиг покажале дека канцерогените клетки и воопшто во крвта на заболениот човек од канцер има недостиг од некои есенцијални елементи, како фосфатиди и липопротеини. Без овие состојки, клетката на ракот се однесува диво, расте и се размножува без контрола. Според д-р Будвиг, токму недостатокот на некои работи се фатални и затоа се стига до смрт.

Нејзиниот рецепт против рак, вклучува сирење / урда и ленено масло.
Рецептот е доста едноставен: 125 грама младо кравјо сирење се мешаат со миксер со три супени лажици ленено масло, сѐ додека не се добие маса во која нема да се препознава маслото. Тоа се консумира двапати дневно. Кај голем број пациенти е потребно време на приспособување, бидејќи можно е маслото да предизвика одредени стомачни непријатности. Најдобро е ако се почне со една супена лажица, па како што организмот ќе се привикнува така да се зголемува дозата додека се стигне до три лажици.

Овој рецепт може да се користи како превентива и евентуално кај болните во ран стадиум. Д-р Бадвиг не го претпочита паралелното користење на традиционалната терапија, но постојат сведоштва на луѓе што се излечиле истовремено користејќи хемотерапија и основниот Бадвигов рецепт.

– Ако се консумира мешавина од урда или сирење и ленено масло, ќе почуствувате едно успешно лекување на ракот. На овој начин се набавуваат липопротеини и фосфатиди кои се од витално значење во присуство на болеста. Ако ги има во организмот, туморот не може да се зголемува, туку напротив – ги стеснува, вели д-р Будвиг.

Помеѓу три и шест месеци им биле потребни на пациентите на д-р Јоана Будвиг да се чувствуваат подобро. Тие пиеле секој ден од оваа смеса и така нивниот имунолошки систем се засилувал постојано. Енергијата која се стекнува од комбинацијата помеѓу урда / сирење и ленено масло, успеала да го намали туморот до негово целосно исчезнување.

Куркума, маслиново масло и бибер

Куркумата е предмет на голем број истражувања. Д-р. Керолајн Андерсон, истражувајќи ја стара источно-индиска традиција, дошла до заклучок дека против ракот најдобро може да се бори со конзумација на три лесно достапни зачини – куркума, маслиново масло и бибер.

Имено, секојдневното конзумирање на овие три намирници гарантираат дека нема да заболите од рак.

Рецептот е да ги помешате намирниците во една изедначена смеса. Помешајте четвртина лажица куркума со пола лажиче маслиново масло, а на тоа додајте малку мелен бибер, колку што можете да фатите со прстите. Сето тоа треба добро да се измеша, а добиената смеса можете да ја користите како додаток во салати или јадења. Оваа смесаа можете и да ја конзумирате самостојно и да ја заблажите со малку вода. Конзумирајте ја смесата секојдневно и што почесто.

– Се е до куркумата – зачин во вид на жолт прав. Нејзините антивоспалителни способности се неверојатно моќни. Не постои ниту една друга природна состојка што е поефикасна во заштитата од воспаленија од куркумата, вели д-р. Андерсон. Истото тврдење го поткрепуваат и неколку истражувањата во кои се покажа дека куркумата спречува рак на дебелото црево, простатата, мозокот и дојките.

Јаворов сируп и сода бикарбона

Третманот на Џим Келмун е комбинација на 100 отсто јаворов сируп и сода бикарбона (натриумбикарбонат) без додаток на алуминиум (фармацевтска сода бикарбона).

Самата идеја за мешање сода бикарбона со јаворов сируп може да се чини смешна, бидејќи клетките на ракот се хранат со шеќер. Но, во овој случај шеќерот дејствува поинаку. Јаворовиот сируп доаѓа до клетките на ракот (кои консумираат и до 15 пати повеќе глукоза отколку нормалните клетки) во кои сода бикарбоната се вовлекува со негова помош. Клетките на рак не успеваат да го искористат шеќерот за раст, бидејќи сода бикарбоната веднаш ги убива. Во овој случај, јаворовиот сируп дејствува на тој начин што го зголемува нивото на шеќер во крвта за сода бикарбоната директно да ја вшприца во клетката.

Содата драстично ја зголемува алкалноста на организмот, која во клетките на ракот донесува повеќе кислород, отколку што тие можат да поднесат. Факт е дека клетките на ракот не можат да преживеат во услови на високи нивоа на кислород во крвта. Истражувањата веќе потврдиле дека сода бикарбоната навистина дејствува на ПХ-балансот во клетките на ракот.

Витамин Б17

Некои научници сметаат дека витаминот Б 17 има антиканцерогени својства. Овој витамин најмногу го има во смеките од кајсија. Витаминот е составен од еден молекул бензалдехид, еден молекул хидроцијанид и два молекула гликоза. За да можат да се ослободат бензалдехидот и цијанидот треба да дојдат во контакт со специфичен ензим бета-глукозидаза. Овој ензим го има најмногу во клетките на ракот (3000 пати повеќе).

За развивање на клетките на ракот им се потребни огромни количини енергија, или гликоза. Кога внесувате витамин Б17, клетките на ракот го апсорбираат молекулот на гликоза од витаминот Б17, а со ензимот бета-глукозидаза се ослободуваат бензалдехидот и цијанидот од витамин Б17, уништувајќи ги заразените клетки. Благодарение на високата концентрација на ензими бета-глукозидаза, витаминот Б17 е исклучително смртоносен за клетките на ракот, додека за здравите клетки е нетоксичен.

Бензалдехидот и цијанидот се токсични елементи, но во комбинација со гликоза молекулот во витаминот Б17, тие се инертни и немаат токсични ефекти.

Препорачана дневна доза е 5 до 7 семки за превенција. Кај заболени најдобро е да се конзумираат 1 до 2 семки секој час, но не повеќе од 35 семки дневно.

Но, стручните лица предупредуваат дека не постои ниту една референтна страница на која има препорака витаминот Б17 да се употребува за лекување рак.

За МИА Ирена Радовановиќ

loading...