Американец победник во „свирење воздушна гитара“ | Видео

406

Во градот Оулу во Финска одржано е Светското првенство во замислено свирење на т.н. „воздушна гитара“, а победник е Американецот Мет Бернс, познат и како Еристоти.

Тој успешно ја одбрани титулата на 22. натпреварување од овој вик, одржано вчера, а во финалето се натпреваруваше со конкуренти од Јужна Кореја, Пакистан, Шведска, Велика Британија, канада и други земји.

Бернс победи симулирајќи свирење гитара со звуците на хеви-метал верзијата на „I Will Survive“.

loading...

Светските натпреварувања во изведување движења карактеристични за свирење гитара почнаа да се одржуваат од шега, но прераснаа во годишна манифестација, која во Финска привлекува луѓе од целиот свет.

loading...