Американците пресудија: „Тесла Моторс“ на врвот, „ФИАТ“ на дното

1736

За разлика од некои други народи, Американците ја негуваат својата потрошувачка култура и вообичаено инсистираат за своите пари да добиваат и квалитет. Затоа, веруваат едни во други и во списанијата со долга традиции, каква што е „Konzjumer report“.

Едно ново истражување покажа дека тоа што во Европа се смета за врв на понудата, „преку барата“ нема таква репутација.

Врвот на списокот на брендови со кои корисниците се најзадоволни го зазема компанијата „Тесла Моторс“, а по неа следат „Порше“ и „Ауди“. Елекричните возила на Илон Маск повторно би ги купиле дури 91 отсто од сегашните корисници, „Порше“ 84 отсто, а „Ауди“ 77 отсто од сегашните нивни корисници.

Четворката, што не е променета од минатата година, ја комплетира „Субару“ со 76 отсто.

Во разгледување се земени возачите на модели што не се постари од три години, а одговорот го  дале дури 300.000  лица.

Меѓу најголемите губитници се најде „БМВ“, компанијата што падна од шестото на 14 место, додека „Фолксваген“ од 16 падна на 24 позиција.

Најлошо, сепак, мина „ФИАТ“, компанијата што е последна на ранкингот заради оценката од 53 отсто на корисници на нивните модеки кои би размислите за повторно да купат автомобил од истиот производител.