Античките Грци стигнале до Кина пред Марко Поло

950

Кина и Западот биле во контакти повеќе од 1500 години пред европскиот истражувач Марко Пол да пристигне на кинеска територија, покажуваат најновите истражувања на кинеските археолози.

Според нивните сознанија, инспирацијата за направените „Воини од теракота“, откриени недалеку од гробот на првиот кинески император, потекнува од античка Грција.

Кинеските археолози веруваат дека најверојатно токму античките Грци ги обучувале локалните мајстори и скулптори во третиот век пред нашата ера, при планирањето и изработката на „воините“.

Истражувачот Марко Поло патувал во Кина во 13, век и досега и на Западот и на Истокот се веруваше дека тој е првиот Европеец што стигнал до Далечниот Исток.

marco-polo1

Marco Polo

– Сега, ние имаме докази оти блиски контакти меѓу Кина и Западот постоеле пред формалното отворање на Патот на свилата во времето на првиот кинески император, изјави археолошкиот експерт од Империјалниот музеј, Ли Ксиуцен.

Ваквите тврдења на археолозите се потврдени со сознанијата од едно посебно истражување, според кое, посебни европски примероци на ДНК биле откриени во најзападната кинеска провиција Ксинјанг уште и од времето пред првиот император.

Тоа според научниците во Кина, покажува дека најверојатно луѓе од Западот се населиле и живееле во тој дел од денешната кнеска територија во време пред првиот император Кин Ши Хуанг.

greeks1

Фигурите на војниците изработени во теракота, беа откриени од локални селани во 1974 година, на локација одалечена само 1,5 километри од гробот на императорот Ши Хуанг.

loading...