Ароматичен лосос со ѓумбир, портокал и лимон

919

Спој на ефектен изглед и неверојатен вкус …

Потребно 

  • 1 портокал
  • 1 лажица сецкан ѓумбир
  • 2 лимони
  • 1 поголемо парче филе од лосос или 2 помали
  • 4 чешниња лук
  • 2 ѕвездички анис
  • 2 лажици копар
  • 1 лажица магдонос
  • 100 мл бело вино
  • маслиново масло
  • сол, бибер
Ароматичен лосос со ѓумбир, портокал и лимон

Подготовка

  • Портокалот и лимоните убаво измијте ги и исечете ги на полукругови. Ѓумбирот излупете го и ситно исецкајте го.
  • На дното на тавата која сте ја обложиле со алуминиумска фолија наредете ги парчињата лимон.
  • Одозгора ставете го лососот.
  • Над лососот распоредете го остатокот од лимунот и сецканиот портокал, изгмечениот лук, сецканиот ѓумбир и анисот.
  • Додадете и копар и полијте со бело вино и маслиново масло.
  • На крај зачинете со сол и бибер.
  • Тавата покријте ја со алуминиумска фолија и ставете ја во загреана рерна на 200 степени целзиусови околу 20 минути.
loading...