Ароматично црвено вино

523

Фино слатко уживање …

Потребно

  • 60 листови од цреша
  • 1 л некое слатко црвено вино
  • 125 мл вотка
  • 150-200 гр шеќер
  • 12 зрна црн бибер
  • кора од лимон
  • 1 ѕвезда анис
  • неколку искршени семки од цреша или кајсија
  • 1 стапче цимет

Подготовка

  • Листовите од цреша измијте ги и исушете ги.
  • Во поголема стаклена тегла ставете ги листовите од цреша и сипете ги виното и вотката, додадете шеќер, искршените семки од цреша или кајсија, лимуновата кора, ѕвездата анис, зрната бибер и стапчето цимет. Убаво измешајте додека да се растопи шеќерот.
  • Теглата ставете ја на темно и суво место и секој ден протресувајте ја за да се растопи шеќерот.
  • После 6-7 дена отворете ја теглата и за тие кои не го сакат силниот вкус на зачините може да го процедат виното од зачините. Ако не ви смета оставете ги зачините во виното.
  • Вака подготвеното вино може да стои дури една година ако го чувате во фрижидер.
  • Послужете го со неколку коцки мраз, затоа што вака подготвеното вино има многу силна арома и вкус.
loading...