Астрологија | Не е исто дали сте родени во понеделник, среда или петок …

6095
Не е исто дали сте родени во понеделник, среда или петок ...

Античките пророци забележале дека секој ден од седмицата енергетски е поврзан со еден од седумте видливи планети. Тие советувале одредени активности и однесување кои одговарале на влијанијата на соодветниот ден. Тоа ги зголемувало шансите за успех во различни потфати.

Во зависност од тоа во кој ден од неделата сте родени, претставувате специфични карактеристики на планетата која го носи името по тој ден. Според старата традиција, денот почнува со изгрејсонцето и трае до следниот излез, а не до полноќ, како што ние денес сметаме. Затоа, ако во вашиот извод од книгата на родените пишува дека сте родени во сабота во 04:00 часот во утринските часови, треба да се сметате за бебе родено во петок.

ПОНЕДЕЛНИК 

loading...

Месечина (мајка на боговите кај античките Египќани)

Консу е древен египетски бог чија главна улога е поврзана со Месечината.
Консу е древен египетски бог чија главна улога е поврзана со Месечината.

Понеделник е променлив и непостојан. За писателите може да биде добар ден, бидејќи имагинацијата е исклучително стимулирана тој ден.

Месечината во астрологијата го симболизира женскиот принцип, а со тоа понеделникот владее со жените и ги штити. Се верува дека девојчињата родени во понеделник се добри сопруги и мајки.

Понеделник е погодна за сите видови работа во домаќинството.

Не се препорачува патување по копнен пат, а бидејќи Месечината владее со водите, патувањето по морето или реките ќе помине без проблеми.

ВТОРНИК 

Марс (богот на војната)

Марс, римскиот бог на војната.
Марс, римскиот бог на војната.

Воини, херои, витези се раѓаат во вторник. Во минатото, овој ден се сметал за многу тежок. Тој ден започнувале војните и воени удари. Тоа е ден за почеток на акција, борба, драстични промени и смели дела.

Не се препорачува многу одморање. Напротив, на тој ден започнува некој проект и најдобро е да се занимавате со физичка работа. Овој ден не е добар за тимска работа, ниту за работа со двајца, бидејќи со него владее Марс, богот на војната.

СРЕДА 

Меркур (гласник на боговите)

Меркур, гласник на боговите.
Меркур, гласник на боговите.

Со среда управува Меркур, кој е поврзан со трговија, знаење и информации. Умот е поактивен, љубопитен и отворен за комуникација и размена на идеи. Луѓето родени во среда брзо размислуваат.

Овој ден е погоден за патувања, трговија, склучување договори, нови контакти, административна и интелектуална работа.

Проблемите се решаваат на мирен начин и без конфликти.

ЧЕТВРТОК 

Јупитер (владетел на боговите)

Јупитер, крал на боговите.
Јупитер, крал на боговите.

Древните народи Јупитер го нарекувале “крал на планетите.” Луѓето родени во четврток привлекуваат внимание и почитување со својот оптимизам и широкоградоста.

Тие се сметаат за родени лидери и обично заземаат високи позиции во општеството.
Во древните култури често биле бирани за свештеници и важеле за мудреци.

Четврток е добар за верски и политички потфати, и тоа е воедно ден погоден за решавање на правни и државни прашања. Не е добар за бизнисот и комерцијални проекти, како и за нови контакти.

ПЕТОК 

Венера (божица на убавината)

Венера, божица на убавината.
Венера, божица на убавината.

Божица на љубовта, убавината и уживањето владее со овој ден.

Се верува дека луѓето родени на овој ден носат мир, хармонија и убавина. Тие се уметници, естети, дипломати и трагаат по сетилни задоволства.

Тоа е ден кога луѓето се расположени за релаксација и забава.

Изненадувачки е тоа што овој ден не е погоден за свадби и романтични состаноци. Бидете внимателни премногу да не се релаксирате во петок, затоа што е полесно да се попушти пред телесни желби и ниски страсти.

САБОТА

Сатурн (бог на смртта и на времето)

Сатурн, бог на смртта и на времето.
Сатурн, бог на смртта и на времето.

Ова е уште еден критичен ден од седмицата, посветен на мртвите.

Тоа е ден кога се раѓаат научници, филозофи, осамени и аскети. Тоа се луѓе кои обично имаат посериозен однос кон животот и имаат чувство на одговорност.

Луѓето родени во сабота се склони да бидат тажни и загрижени.

Сабота е примерна за завршување на стариот бизнис, но не и за започнување на нови. Исто така, сабота е неповолен ден за свадби и патувања.

НЕДЕЛА

Сонцето (богот на живот и лекување)

Сонцето, богот на живот и лекување.
Сонцето, богот на живот и лекување.

Луѓето родени во недела ги краси позитивност, великодушност и љубовта кон животот.

Ова е ден за славење, креативност, среќа и успех. Најдобриот ден за свадба, за започнување на нови активности и планови, како и за медицински третмани, бидејќи тоа е ден во седмицата, кога почнува нов циклус на опоравување на организмот.

Недела, според старите верувања, е многу среќен ден, а според астролозите, луѓето родени во недела се многу харизматична и весели.

Не ги почитуваат стандардите, туку постојано се во потрага по нешто друго.

Тие се многу стабилни луѓе, кои често ги придружува среќа во животот. Неделата не е погодна за изолација или медитација.

loading...