Астронаутите остануваат без вселенските одела? Видео

1029
Booking.com INT

Оделата за прошетка во вселената, замислени пред 40 години, ги нема доволно во резерва, а на нивна замена ќе се чека со години, покажаа објавените резултати на американската вселенска агенција НАСА. 

Bitcoin Exchange CEX.IO

НАСА, според извештајот, се соочува со разни проблеми во врска со здравствените ризици и дизајнот на оделата кои астронаутите ги користат на Меѓународната вселенска станица, а постоечките одела не се предвидени да се користат подолго од 15 години.

Од оригиналните пакети на опремата за живот во вселената, само 11 од 18 се уште се во употреба. Во извештајот е наведено дека тоа може нема да биде доволно до 2024 година, кога е предвидено затварање на вселенската станица или до 2028 година, до кога нејзиното време на работа може да биде продолжено.

До проблеми со опремата дојде наспроти инвестицијата на околу 200 милиони долари во нова технологија за вселенските одела за Марс и други идни патувања во вселената.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...