Атракција во Истанбул | Туристите масовно доаѓаат за трансплантација на коса

2616

Палестински турист при своето патување во Истанбул, како и сите други туристи планирал да ја посети Сината џамија, да го посети Босфор и други споменици… Меѓутоа, има уште една цел: да ја надгради својата коса. 

Палестинецот сака да оди на третман за надградба на прамени коса, а 1.500 прамени еден по еден ќе мора да се имплантираат, што е многу популарен третман против опаѓање на косата во турската метропола.

Околу 300 клиники специјализирани за трансплантација на коса во Истанбул стануваат се поголеми центри во индустријата за привлекување на пациенти од целиот свет, а најчесто од Блискиот исток и од Заливот.

loading...

Искусните хирурзи, развиената технологија и релативно ниските цени се плус за многу туристи. Овие третмани во последните неколку години се добродојдени во градот, во кој туризмот драстично е опаднат поради бранот на нападите во 2016 година.

„Дојдов во Турција за трансплантација на коса и малку туризам. Турција има одлично реноме кога се работи за трансплантација на коса” – рече 27 годишниот Палестинец.

loading...