Ацтеките најверојатно исчезнала поради салмонела

917

Научниците веруваат дека ја откриле причината за епидемијата што усмрти 17 милиони луѓе. ДНК анализата на заби од 10 тела од гробницата во Оахаки, Мексико покажа дека двете големи епидемии помеѓу Ацтеките во 16 век биле предизвикани од инфекција со салмонела.

Молекуларниот палеопатолог Кристен Бос од Институтот Макс Планк истакнува дека телата од гробницата потекнуваат од времето на првата епидемија, која се случи во периодот од 1545 до 1550 година.

Тоа е единствена гробница што може да се поврзи со епидемијата.

Со новиот компјутерски алгоритан овозоможена е анализа и на исклучително мали делови од ДНК, со што е можно да се идентификува видот на бактерија.

Епидемијата била предизвика од Salmonella enterica Paratyphi C, која предизвикува ентеричка треска, вклучително и акутна дијареја и дехидрација на организмот.

Но, се уште не е познато како Ацтеките дошле во контакт со бактеријата.

loading...