„Ај Кју“ не влезе во финалето на 63. Евровизија | Видео

694
Booking.com INT

„Ај кју“ со песната „Lost and found“ не се пласираше во финалето на 63. Избор на песна на Евровизија 2018 во Лисабон каде што синоќа настапи на првата полуфинална вечер.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Десетте финалисти од 19 земји кои учествуваа во првото полуфинале се: Австрија, Естонија, Кипар, Литванија, Израел, Чешка, Бугарија, Албанија, Финска и Ирска.  Беа избрани со гласови добиени по пат на 15-минутен телевоутинг на ТВ-публиката и од стручни жирија на земјите што учествуваа.

Ним во финалето в сабота ќе им се придружат уште 10 финалисти кои ќе бидат избрани утревечер на второто полуфинале во кое ќе настапат изведувачи од 18 земји.

Република Македонија шеста година не успева да влезе во завршната вечер. Последен пат се пласираше во евровизиското финале во 2012 година во Баку со песната „Црно и бело“ на Калиопи.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...