Огромен блок од мраз ќе се одвои од Антарктикот | Фото/Видео

6169

“Larsen C ледениот гребен ќе загуби повеќе од 5000 квадратни километри доколку одвојувањето продолжи да се шири”, велат научниците од Универзитетот Свонси од Велс.

А огромен блок од мраз, еден од најголемите што некогаш биле снимени, голем колку државата Делавер или Тринидад и Тобаго, ќе се одвои од Антарктикот, велат истражувачите.

Пукнатината на ледениот гребен Larsen C, која последниве години постепено се шири, минатиот месец се зголеми драстично до 18 километри. Сега е долга повеќе од 80 километри, а за да се одвои целосно останаа уште само 20 километри, предупредуваат експертите.

“Ледениот гребен Larsen C ќе загуби повеќе од 5000 квадратни километри доколку одвојувањето продолжи да се шири”, велат научниците од Универзитетот Свонси од Велс.

Големиот блок од мраз “суштински ќе го промени изгледот на Антарктикот”, а потоа би можело да додјде до понатамошно напукнување на Larsen C, се додава во образложувањето.

Замрззнатите гребени се области на краевите од глечерите, пловат по морето и дебели се неколку стотини метри. Научниците стравуваат дека нивното одвојување од замрзнатиот континент би можело да го забрзаат лизгањето на глечерите кон морето поради глобалното затоплување, што ќе резултира со зголемување на нивото на океаните.

Related image

Во последниве години дошло до пукање на неколку замрзнати гребени во северните делови на Антарктикот, вклучувајќи го и Ларсен Б кој сосема исчезна 2002.

loading...