Бадниково лепче со паричка

1011

Бадниковото лепче се подготвува за бадниковата вечера. Додека се меси во него се става метална паричка. Кога се дели лебот на членовите на семејството, на кого ќе падне паричката тој ќе има најголема среќа во текот на година…

Потребно 

  • 700 гр брашно
  • 30 гр свеж квасец
  • 400 мл млака вода
  • 5 лажици масло за тестото + 2 лажици масло за премачкување
  • 2 лажичиња сол
  • 2 лажичиња шеќер

Подготовка

  • Од наведените состојки замесите тесто. покријте го со кујнска крпа и оставете го стаса околу 45 минути.
  • Ставете го на набрашнета работна површина и премесете го повторно. Поделете го на 4 дела, трите исти, а четвртиот помал. Формирајте топчиња од парчињата тесто.
  • Помалиот дел останува во облик на топче, а од останатите три дела развлечете кори со големина на калапот (со дијаметар 26 см) во кој ќе го печете лепчето. Калапот малку премачкајте го со масло.
  • Првата кора ставете ја на дното во калапот, т.е. најдобро на хартијата за печење надвор од калапот. Со четкичка премачкајте ја кората со масло, но само по средината.
  • Другата кора пресечете ја на 12 триаголници. Наредети ги на првата кора еден по друг. повторно со малку масло премачкајте ги аглите на триаголниците.

  • Истата постапка повторете ја и со третата кора. Триаголниците од оваа кора наредете ги преку триаголниците од втората кора.
  • Сега земете го врвот на првиот триаголник и повлечете го кон страните на калапот (кон себе) но малку во лево, врвот на триаголникот под него го влечете исто, но малку на десно. Оваа постапка ја повторувате со секој триаголник. Кога ќе завршите со целата постапка заедно со хартијата за печење префрлете ја погачата во калапот.

  • Последното топче малку развлечете го и тоа ќе ви биде средината на лебот. Покријте го и оставете го да стаса 30 минути.
  • Додека го подготвувате лебот вметнете ја внатре металната паричка, која претходно сте ја завиткале во фолија.
  • Пред да го ставите да се пече залепете ги претходно подготвените декорации (ако сте ги направиле претходно). Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 10 минути, а потоа уште 20-30 минути на 170 степени.

  • Кога ќе го извадите од рерна печениот леб премачкајте го четкичка со ладна вода и покријте го со крпа за да кората на лебот стане помека.
loading...