Баклава со тиква и кокос

276

Интересен фил за баклава …

Потребно 

  • 500 гр кори за пита

За шербетот

  • 500 гр шеќер
  • 600 мл вода
  • 1 лимон

За филот од тиква

  • 1 кг изрендана тиква (на крупната страна од рендето)
  • 150 гр брашно од кокос
  • 4 кесички ванилин шеќер

За премачкување на корите

  • 100 гр кокосово масло или путер

Подготовка

  • Измијте ја тиквата убаво и после излупете ја и исчистете ја од семките. Исечете ја на парчиња и изрендајте ја на крупно ренде.
  • Сварете го шербетот. Во сад на рингла сипете ја водата, шеќерот и лимонот. Кога ќе почне да врие оставете го да врие 15-тина минути за да добиете погуст шербет. Оставете да се излади.
  • Растопете го кокосовото масло или путерот. Премачкајте ја тавата и ставете ја првата кора и премачкајте ја со маснотијата. На истиот начин ставете уште две кори. Сега на третата кора ставете од филот со тиква и посипете со кокосово брашно кое претходно сте го измешале со ванилиниот шеќер. Сега почнете повторно со редење на корите, се по три. Овде одат 4 слоеви кори и 3 слоеви фил.
  • Така наредената баклава исечете ја на коцки, а секоја коцка дијагонално на половина. На тој начин од една коцка ќе добиете два триаголника.
  • Баклавата печете ја во загреана рерна на 170 целзиусови степени околу 1 час.
  • Печената баклава уште врела прелијте ја со изладениот шербет. Оставете да отстои преку ноќ за да се впие убаво шербетот.
  • По желба во филот може да ставите малку изрендана кора од портокал или малку цимет.
loading...