Балерина открива што јаде – Да останам слаба, а да не гладувам

6825
Booking.com INT

Mary Helen Bowers има импресивно балетско искуство. Дури и денес, како мајка и успешна деловна жена, таа сè уште се придржува до некои работи. Открива како изгледа нејзината исхрана …

Bitcoin Exchange CEX.IO

Mary Helen Bowers (38) беше професионална балерина која е денес одговорна за трансформација на илјадници женски тела – од моделите на Victoria’s Secret до просечните жени.

Нејзиното виртуелно вежбање Ballet Beautiful, советите и приватните часови не останале незабележани, па таа лично ја тренирала и актерката Natalie Portman пред снимањето на балетскиот трилер “Црниот лебед” која за таа улога добила Оскар.

Mary Helen Bowers има импресивно балетско искуство. На тренинзи одела во една елитна американска балетска школа, а потоа на 16 години отишла во Њујорк, каде што танцуваше десет години. Потоа дипломирала на Универзитетот Columbia и го основала Balet Beautiful.

Дури и денес, како мајка и успешна деловна жена, таа сè уште држи строг режим на здрава исхрана и на своите фитнес планови – и изгледа неверојатно, открива порталот stylecaster.com.

Таа откри како изгледа нејзината исхрана

Просечниот ден го започнувам со: Пијам голема чаша вода, прво тоа го правам.

За појадок имам: Споро варен овес со органски ореви и половина праска.

За ручек имам: Сецкана салата со ракчиња, домат и авокадо.

За вечера имам: Зелена летна салата со свежи тестенини од цело пченино зрно во домашен сос од домати.

Денес јадев: Органско јаболко, сирење и сурови бадеми.
Мојот омилен пијалок секогаш е вода!

Единственото нешто што никогаш нема да го јадам е: Всушност, не ми се допаѓа храната со многу сол и полномасна павлака.

Мој омилен тренинг е: Ballet Beautiful.

Храната во која уживам, а ми предизвикува чувството на вина е: Чоколадо и сирење. Без ова, не би можела да живеам.

Мој омилен здрав оброк е: Свежо овошје и сурови јаткасти плодови – затоа што се брзи, едноставни и преносливи.

Три состојки кои секогаш ќе ги најдете во мојата кујна се: Свежо овошје, органско млеко и органски јајца кои не се несени во кафез.

Мојот најголем здравствен совет за патници е: Придржувајте се колку што е можно повеќе до рутината слична на она која ја имате дома. Барајте здрави избори, вежбајте и пијте многу вода за да останете хидрирани.

Моето препознатливо здраво јадење е: Салата со предјадење. Ми се допаѓа свежа органска салата со пилешко подготвено на скара со сос, или со риба на жар.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...