“Бев болна од тешка ментална болест. Се претворив во чудовиште. Но, се излекував! Знам и што ми помогнало”

2647
Booking.com INT

Едно пролетно утро Барбара Липска од Вирџинија станала од креветот, ставила боја на косата и заминала на трчање низ соседството. Но, кога се вратила после невообичаеното долго време, нејзиниот сопруг Мирек бил шокиран.

Bitcoin Exchange CEX.IO

“Се изгубив во моето соседство. Бојата што ја ставив на косата тоа утро, ми капеше по вратот. Ко0га се видов, изгледав како чудовиште”, рече Липска.

Иако денес се сеќава на тој момент, беше целосно несвесна за својот изглед и за необичното однесување. Липска проучува неврологија за ментални болести и развојот на мозокот на Националниот институт за ментално здравје. Во своето дело ја проучува молекуларната структура на мозокот кај луѓе кои имаат шизофренија или некои други нарушувања, заради кои си го одземале животот.

Image result for Barbara Lipska i

А во текот на два месеци кај неа се појавиле и симптоми на деменција, слични на шизофренијата. Дури подоцна открила дека тоа е резултат на туморот кој пораснал во нејзиниот мозок кој се проширил и предизвикал слично однесување и чувства како кај луѓето чии мозоци ги изучувала.

Липска преживеала и во соработка со новинарката Elaine McArdle напишала книга за својата болест и текот на лекувањето „Невронаучникот кој го загубил умот: Приказна за лудилото и откритието“.

По повод објавувањето на книгата, таа даде интервју чии делови ви ги пренесуваме.

Што се случиувало во Вашиот мозок?

Во тоа време не знаев, ниту некој друг знаел. Во мојата глава, растеле непознати тумори. Мојот мозок натекол и се воспалил. Сè на сè, имав околу 20 тумори.

Дали сте се промениле како личност?

Се менував постепено, од грижлива мајка, баба и жена во еден вид на бездушно чудовиште. Викав на мојот сопруг, внуците и на децата. Се однесував како здивено двегодишно момче и постојано го правев тоа. Го изгубив фронталниот кортекс – тој беше отечен и не функционираше. Исто така, го изгубив темениот лобус. Тоа се делови на мозокот задолжени за високи когнитивни функции. Деловите кои нè прават луѓе и со кои се регулира она што го сонуваме, како сакаме, како се однесуваме, без разлика дали сме воздржани или сакаме да одиме на трчање едвај облечени и со бојата за коса која капе на сите страни. Сите ние имаме идеја како да се однесуваме нормално – не викаме на семејството ниту на оние кои ги сакаме. Но, јас не го разбирав тоа.

Преку што сѐ поминувало семејството?

Мислам дека целото искуство беше пострашно за моето семејство, отколку за мене, бидејќи јас не разбирав што се случува. Бев на некој начин поштедена од сè. Но, членовите на моето семејство со текот на времето почнале да сфаќаат дека ја губат личноста која ја сакале. Не ги гледав во очи. Бев дистанцирана. Не чувствував емпатија. Ги повредив и тоа беше страшно. Сега сум им многу благодарна. Можете да кажете дека семејствата служат за тоа, но јас никогаш не очекував дека ќе ги проверувам на таков начин. Се надевам дека тоа никогаш нема да ми се случи повторно. Тоа сега е мојата најголема грижа.

Што научивте за мозокот?

Научив нешто што го знаев и порано, но сега имам силни докази. Менталната болест е мозочно растројство. Тоа не е краткорочна работа како недостаток на волја, ниту пак е поврзана со тоа како сум воспитана и какво е моето семејство. Таквата болест мора да се третира како и секоја друга болест – болест на срцето, бубрезите или црниот дроб. Треба да најдеме механизми за лекување на такви болести. Сè уште не знаеме што ги предизвикува. Знаеме дека станува збор за физички промени во мозокот.

Каков третман ви помогнал?

Ние навистина не го знаеме тоа точно. Ме лекувале на многу различни начини – со зрачење, имунотерапија, со стероиди за отоци и со целна терапија на туморските клетки. Веројатно сето тоа помогнало малку, но мојот впечаток е дека имунотерапијата помогнала најмногу. Се карав со докторот и му кажував да не ми дава толку лекови, бидејќи нема да знам кој ми помогнал. Тој се насмеал и рече: “Знаеш што, јас воопшто не се грижам за тоа кој лек ти помогнал, ако ти е подобро”.

Набргу потоа мојата состојба навистина се подобрила. Сега се чувствувам одлично, иако сум послаба отколку што бев претходно. И физички и емоционално. Поминав низ толку многу нешта. Мојот мозок го оптовариле со лекови, зрачења. Го изгубив видот на левото око. Изгубив и чувство на рамнотежа. Понекогаш сум дезориентирана и се губам. Но, знаете што? Јас сум жива – и тоа е сè што е важно. И среќна сум!

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...