„Бентли Бентиџ“ најбрз и најлуксузен СУВ на светот (видео)

976

Многумина сигурно се прашуваат зошто луксузниот СУВ на „Бентли Бентиџ“ е барем двојно поскап од ривалите во истата класа.

Одговори има многу, но веројатно само еден е вистинскиот, а тоа е дека ексклузивноста денес проаѓа, па макар и без вистинско оправдување.

Најбрзиот и најлуксузен СУВ на светот е со почетна цена од околу 250.000 долари. Се работи за основна верзија која секако вклучува врвна механика, уште подобро направен ентериер и мотор на млазник со 608 коњски сили. Максималната брзина на „Бентиџ“ е 310 километри на час, а забрзување до 100 километри на час достигнува за 4,1 секунда.

2017-bentley2

Импресивни перформанси, посебно ако се земе предвид дека се работи за огромно возило со должина од 5,2 метри и околу 2,5 тони маса се добри ориентири.

Освен филигранската изработка, „Бентли“ стандардно го опреми „Бентиџ“ со се што денес се очекува во престижно возило, но притоа остава илјадници комбинации на пописот на опции. Така на купувачот му се нудат модели во десет бои на надворешноста и незначително помал број комбинации во ентериерот.

Секако, сето тоа добро се плаќа, а цените се многу високи. Веројатно само „Бугари Широн“ има поскапи опции.

2017-bentley

На пример, пикник сетот на „Бентли“ чини дополнителни 32.000 американски долари, а часовникот украсен со скапоцени камења е неверојатни 160.000 американски долари. Преведено, ако пропуштите неколку опции од пописот, ќе заштедите за репрезентативен стан во центарот на градот, а ќе ви останат и за неколку излети, на пример пат околу светот.

loading...