Бериша има информација за шверцот на деца за трговија со органи

688

Тирана – Поранешниот албански премиер и претседател Сали Бериша објавил дека има информација дека на “границата меѓу Косово и Албанија”, во Кукс, се криумчарат деца на возраст под 18 години, за трговија со човечки органи.

Бериша на својот Фејсбук профил напишал дека ја добил информацијата од еден полициски службеник, кој побарал од него да помогне во спречувањето на оваа организирана криминална група.

“Вознемирувачка пријава! Полицаец пријавува постоење на организирана група која шверцува деца заради трансплантација на внатрешните органи! Го повикувам Обвинителството да покрене истрага”, навел Бериша.

Потоа следи информација која ја добил од полицискиот службеник.

“Г-дин Бериша, јас сум полицаец на границата кај Кукс. Можете да спасите многу деца. На границата на Албанија и Косово, криумчарат деца на возраст под 18 години за трансплантација на органи. Со фалсификувани изводи поткупуваат полициски службеници со 20 илјади леки (околу 150 евра). Досега се прошверцувани девет деца киднапирани од сиромашните села. Ве молам, обелоденете го ова и направете нешто.”

www.tanjug.rs

loading...