Бермудскиот триаголник и 9 сѐ уште нерешливи светски мистерии | Фото/Видео

7736
Booking.com INT

Сега се знае што се случило со цивилизацијата на Маите и кој е човекот со чадорот.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Луѓето секогаш се заинтересирани за добра мистерија, а често и од тоа настануваат разни теории на заговор. На пример, во текот на 1960-те и 1970-те години некои верувале дека вонземјаните се одговорни за формирање на пирамидите. Исто така, мистеријата која многу долго ги мачела луѓето била онаа за Бермудскиот триаголник, кој е симбол на страв.

Денес овие и други мистерии кои дури и со децении ја окупирале имагинацијата на луѓето, се решени. Денес имаме логично објаснување за Бермудскиот триаголник, зошто дошло до колапс на Маите, но и што се случило со експедицијата на сер Џон Френклин, како и кој е човекот со чадор кој бил присутен за време на убиството на Џон Кенеди.

Падот на цивилизацијата на Маите

Цивилизацијата на Маите
Цивилизацијата на Маите

Едно од големите историски прашања било и причината зошто цивилизацијата на Маите напуштила неколку градови кои ги изградиле во областа на Јукатан во текот на 700 и 800 години по Христа. Некои теоретизирале дека Маите веројатно биле поразени за време на борбата со противниците или дека владејачката класа е соборена за време на револтот на народот. Други теории одат надвор од границите на нормалните тези и тврдат дека за сѐ се виновни вонземјаните.

Но, во една студија објавена во 2012 година, истражувачите од Државниот универзитет во Аризона, кои ги анализирале археолошките податоци и се фокусирале на животната средина, откриле докази кои би ја потврдиле теоријата за која се залагаше историчарот Jared Diamond во 2005 година, во својата книга Колапс.

Научниците откриле дека Маите ги запалиле и ги исекле шумите кои ја апсорбираат сончевата радијација и затоа врнежите биле ретки. Затоа често имало суша и ерозија на почвата и заради тоа пропаднало нивното земјоделство.

Заради недостаток на храна, Маите морале да ги напуштат градовите и да ја избегнат гладта.

Тајната на Бермудскиот триаголник

Бермудскиот триаголник
Бермудскиот триаголник

Бермудскиот триаголник долго време го носел прекарот Ѓаволски триаголник, а се работи за областа помеѓу Флорида, Порторико и Бермудите, кои, благодарение на поп митологијата, содржел некој вид на темни сили, кои предизвикувале исчезнување на бродови, авиони и луѓе.

Некои сметале дека за сето тоа се виновни вонземјаните кои ги фаќаат луѓето и на нив прават експерименти, а во теориите често се споменуваат “wormholes” и метанот што еруптира од океанските седименти. 1975 година Лоренс Дејвид Куше ја објави својата истрага за овој феномен.

Тој со читање на официјалните извештаи открил дека бродовите потонале поради лошите временски услови или претрпеле сериозна несреќа, а нивните остатоци се откриени во ретки случаи.

Дали човекот со чадор е вмешан во убиството на Кенеди?

Една од најчудните енигми на убиството на американскиот претседател Џон Кенеди во Далас во 1963 година, било присуството на еден човек со чадор. Бледа фигура на слика крева црн чадор за време на целиот претседателски пат, иако нема облаци на небото. Некои веруваат дека тој бил присутен таму за да му дава сигнали на снајперистот. Други сметаат дека би можело да се работи за убиецот кој имал пиштол со отровни стрели скриени во чадорот, иако врз основа на истрагата и таа теорија паднала во вода.

Кога започнала истрагата на случајот на атентатот на Кенеди, 53-годишниот директор на еден магацин во Далас, Луј Стивен Вит, призна дека тој бил човекот со чадор.

Неговото објаснување било во најмала рака бизарно. Тој го мразел таткото на Кенеди, Џозеф П. Кенеди, поранешниот американски амбасадор во Велика Британија, бидејќи тој го поддржал британскиот премиер Невил Чембрлен во одлуката да спроведува мирољубива политика кон Хитлер.

Заштитниот знак на Чембрлен бил неговиот чадор, кој речиси секогаш го носел со себе, а Вит одлучил тој ден да го носи чадорот во име на револтот.

Што се случило со експедицијата на Френклин

Џон Френклин
Џон Френклин

Англиски истражувач запловил во 1845 година, со група од 128 луѓе и три годишни залихи на храна за на пат за да ја пронајде рутата која го поврзува Атлантскиот и Тихиот Океан. Френклин и неговиот тим мистериозно исчезнале.

Во 1859 година пронајдени се остатоци од нивните коски. Откако бродовите на Френклин заглавиле во мраз, тој со екипажот две години се обидувал да ги ослободи бродовите, но тие на крајот умреле.

Истражувањето на канадскиот антрополог во 1980 година открило дека истражувачите умреле поради туберкулоза и од труење со храна од конзерви.

Тајната на Ролинг Стоунс

Ретрак Плаја или Долината на смртта е место каде што е присутен геолошкиот феномен на тешки камења и по неколку стотици километри кои по рамна површина се движат без човечко или животинско влијание.

Од 1940 година, луѓето ја кршат главата за да дознаат зошто камењата се движат. Но, пред неколку години, научниците конечно ја решиле оваа мистерија. Преку своите експерименти имаат забележано дека карпата ја движи ветер по мразот на езерото од кал.

Поточно, кога ноќите се многу ладни, и утрата топли и сончеви, мразот на површината се топи, а доколку има ветер, тогаш ветрот ги турка камењата на лизгавата површина. Како што се големи камењата, а ветерот ги движи само некој центиметер, човечкото око не може да го забележи нивното движење.

Тунгуската катастрофа

Тунгузија
Тунгузија

На 30 Јуни 1908 година, огнена топка полетала по сибирското небо по што следела огромна експлозија која уништила две илјади квадратни километри шума. Научниците потоа одлучиле да го испитаат целиот случај и заклучиле дека експлозијата била илјада пати посилна од атомската бомба што била фрлена врз Хирошима.

Научниците дури 1927 година дошле на местото и не пронашле ниту еден кратер или дел од метеор заради што се создале голем број теории кои вклучуваат анти материја и НЛО.

Други, пак, се сомневале дека комета ја погодила Земјата и затоа не постојат остатоци. Во 2007 година, еден тим на научници од Италија ја искористил техниката на акустична обработка за да го пронајде кратерот која се наоѓал во езерото 8 километри северно од оригиналниот, како што тогаш се мислело, точката на ударот.

Украинските научници докажале дека за настанот е одговорен метеор, се вели во текст од 2013 година, кој бил објавен во списанието Planetary and Space Science (Планетарна и вселенска наука).

Како умрел Ричард Трети?

Ричард Трети
Ричард Трети

Англискиот крал Ричард Трети, кој Шекспир го прикажал како мегаломан, е еден од најпознатите криминалци во историјата. Иако Ричард Трети претрпел пораз во Битката на Босфорско поле во 1485 година, никогаш не станало јасно како тој починал и што се случило со неговото тело, кое никој не го пронашол.

По повеќе од 500 години, во 2012 година пронајден е гроб под паркингот во Leciester, а пет месеци подоцна, ДНК тест потврдил дека коските во гробот му припаѓаат на Ричард Трети.

Едно истражување од 2014 година наведува дека постојат форензички докази дека Ричард претрпел 11 рани и девет удари во главата.

Научниците претпоставуваат дека тој го изгубил својот шлем за време на битката заради која тој бил убиен во битката со непријателот или веројатно го нападнале неколку напаѓачи. Тие, исто така, откриле дека Ричард страдал од ‘рбетен деформитет.

Убиството на Мари Ридулф

Мари Ридулф
Мари Ридулф

Седумгодишната Мари Ридулф последен пат ја виделе во Sycamore во Илиноис, во декември 1957 година со момчето Џони кој ѝ пришол. Во пролетта 1958 година, нејзиното тело било пронајдено 193 километри подалеку.

Агентите на ФБИ наскоро го пронашле осомничениот, Џон Тесиер. Но, не можеле да го негираат неговото алиби, наведувајќи дека на тој ден отишол со воз од Чикаго до Рокфорд во Илиноис, а тоа го докажал со билетот за воз (а кој го зел од еден војник во вечерните часови на убиство, за секој случај ако му затреба алиби). Полиграфот, исто така, покажал дека ладнокрвниот убиец лаже.

Половина век подоцна Тесиеровата сестра Џенет контактирала со полицијата на Илиноис и ја открила тајната која мајка ѝ ја кажала на својата смртна постела, дека Џон сепак е убиецот малата Мари. Случајот против Тесиер, кој тогаш веќе имал 70 години позади себе, бил повторно отворен.

Истражувачите пронашле нови докази против Тесиер и неговото алиби било срушено. Во 2012 година, тој бил осуден на доживотен затвор.

Како се изградени пирамидите

Пирамидите во Египет
Пирамидите во Египет

Во текот на доцните 1960-ти и раните 1970-ти некои луѓе имале теорија дека скок на човечката цивилизација се случила кога Земјата почнале да ја посетуваат вонземјани, а како доказ за тоа ги посочувале пирамидите во Египет. Поточно, тие тврделе дека античките Египќани не можеле сами да ги движат камените блокови и дека во тоа им помогнала технологијата на антигравитација која ја донеле вонземјаните.

Во 2014 година, физичарите од Универзитетот во Амстердам, одлучиле да се движат подалеку од псеудонаучните објаснувања. Со анализа на цртежите во гробовите откриле дека постоел голем тим на работници кои влечеле камења и песокот го полевале со вода, со цел да се намали триењето. Други научници сугерирале дека Египќаните користеле глина како лубрикант предизвикувајќи така камењата полесно да се влечат.

Дали Анастасија им избегала на Болшевиците?

Принцезата Анастасија
Принцезата Анастасија

Неколку години откако Болшевиците го затвориле рускиот цар Николај Втори Романов и неговата сопруга и нивните пет деца ги убиле во јули 1918 година, се појавило женско лице Ана Андерсон, која тврдела дека е најмладата ќерка на царот Анастасија.

Таа тврдела дека била отстранета од местото на егзекуција, благодарение на мистериозниот добродетел. После тоа почнале да се шират гласини дека најмладиот наследник на престолот ја избегнала смртта. Во текот на 1991, мистеријата тргнала во сосема нова насока кога се открило дека телата на Романови се наоѓаат во големиот гроб Yekaterinberg во Русија, иако во него ги немало телата на две деца.

Целата теорија за бегството на Анастасија се урнало во 2007 година, кога археолозите откриле уште еден гроб со коски од деца. Остатоците од коските се совпаѓале со примерокот на ДНК на царот. Конечно се открило дека Анастасија сепак умрела со своето семејство.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...