Биомеханичка рака која „гледа” предмети | Видео

743

Дека роботските помагала се иднина на протетиката, докажаа научници од Универзитетот во Њукасл, кои развија биомеханичка рака која може „да гледа” предмети пред неа.

Раката ги детектира предметите со помош на многу едонставна камера, по што со помош на софтвер ги проценува и фаќа.

– Со користење на компјутерската визија развивме биомеханичка рака која реагира автоматски. Таа всушност е како вистинска рака. Корисникот може да ја пружи и со неа да земе чаша или бисквит, а доволно е само да ја сврти во саканата насока, изјави доктот Кианош Назарпур.

loading...

Проблемот со сегашните протетички екстремитети е тоа што тие се контролираат со помош на електрични сигнали кои мозокот ги праќа во мускулите на екстремитетот, поради што тие не реагираат доволно брзо.

Меѓутоа, тимот на Назарпур разви рака која е многу по интуитивна.
„Ја тренирале” со користење на софтвер на невронска мрежа за да може да препознае различни предмети како што се стап, далечински управувач, чаша и слично.

Таа исто така може да одреди колку силен притисок е потребен за предмети со кои претходно не се „сретнувала”, а тоа го прави со помош на камера која и овозможува да ги „гледа” предметите, а потоа автоматски да ги подигнува.

Експериментите се веќе направени со двајца волонтери, а нова цел е развој на рака во болницата „Фриман“ во Њукасл. Конечната цел е раката да може да почувствува притисок и температура.

– Ова е чекор кон крајната цел, но најважно е тоа што раката е евтина и што наскоро ќе може да се имплементира. Исто така, нова протетика не е потребна, можеме да ја прилагодиме таа која ја имаме, додава Назарпур.

loading...