Британците гласаа за напуштање на ЕУ

524
Booking.com INT

Британците на вчерашниот референдум се изјаснија за напуштање на ЕУ, објави утрово Би-Би-Си.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Според се уште нецелосните резултати од пребројувањето на гласовите, за излез на Велика Британија од Унијата се изјасниле 51,8 проценти од гласачите.

Во овој збир, во кој недостуваат резултатите од уште пет изборни окрузи, привзраниците на напштањето на Унијата се за околу 1,1 милион побројни од оние кои се изјасниле за останување на земјата во Унијата.

Одѕивот на референдумот бил 67,3 проценти.

Brexit
Brexit

Конечните резултати во Шкотска и Северна Ирска покажуваат дека мнозинството жители на овие покраини се изјасниле за останување на Велика Британија во ЕУ. За разлика од нив, жителите на Велс се изјаснија за Брекзит. 

По објавувањето на првичните резултати од гласањето, прв се огласи лидерот на Партијата за незавиосност на Обединетото Кралство (УКИП), Најџел Фараж, кој изјави дека „победата на приврзаниците за напуштање на ЕУ е неизбежна“.

– Сега верувам во нашата победа, изјави Фараж за Би-Би-Си, додавајќи дека британското напушатње на ЕУ е „за доброто на цела Европа“. – Ќе изградиме нова Европа, како сојуз на суверени држави, кои ќе се дружат, ќе тргуваат и ќе соработуваат, попрача Фараж.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...