Близнаци | И би светлина …

2751
Booking.com INT

Близнаци зборуваат во утробата на својата мајка:

Bitcoin Exchange CEX.IO

– Веруваш ли во животот по раѓањето?

– Се разбира, мора да постои нешто по раѓањето. Можеби сме тука баш поради тоа да се подготвиме за живот после раѓањето.

– Ова е глупост. Не постои живот после раѓањето. Како тој живот воопшто би изгледал?

– Јас не знам точно, но убеден сум дека ќе има повеќе светлина и дека ќе бидеме во можност да се движиме и да јадеме со својата уста.

– Тоа е бесмислено. Знаеш дека не е можно да се трча, и да се јаде со устата, па затоа имаме папочна врвца. Ти велам, после раѓањето не постои живот.

– Папочната врвца е премногу кратка. Убеден сум дека постои нешто по раѓањето. Нешто сосема различно од ова што го живееме сега.

– Но, никој не се вратил од таму. Животот по раѓањето завршува. Покрај тоа животот не е ништо друго туку постоење во тесна и темна средина.

– Не знам баш точно како изгледа животот по раѓањето, но во секој случај ќе се сретнеме со нашата мајка. Таа потоа ќе се грижи за нас.

– Мајка?!? Ти веруваш во мајка, па каде по тебе би била таа мајка?

– Насекаде околу нас, се разбира. Благодарение на неа ние сме живи, без неа воопшто не би постоеле.

– Јас не верувам во тоа! Мајка ми никогаш не сум ја видел, јасно е дека не постои.

– Да, тоа е можно. Понекогаш, кога сме потполно мирни, може да се слушне како пее и го милува нашиот свет. Знаеш, јас сум убеден дека животот по раѓањето е всушност само почеток …

И би светлина …

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...