БОЖИЌЕН ТЕХНО СПЕКТАКАЛ ВО ШТИП !!!

535
Booking.com INT

По подолга пауза HAPPY PEOPLE, со задоволство ви најавува техно настан со едни од најдобрите и најбараните артисти на нашата сцена.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Настанот ќе се одржи во Дом на Млади Штип со почеток од 21часот до 03:00часот.

За добрата забава ќе се погрижат:

NINNO MANCINI е Македонски Dj и Продуцент. Неговата кариера започнува во 2006 како дете љубител на електронската музика. Таа љубов прерасна и во секојдневна работа за него како локален Dj во клубовите надвор од границите и големи фестивали како Exit Festival, GreenFest, Velik Dance Festival, FOLK Off Festival, 5th Dimension Festival, Revolution Festival и многу други. Тој неговата сцена ја делеше со големи имиња како Balthazar & JackRock, Nennat Omen, Matt Sassari, Boryana, DOUBLE D и многу други. Големата страст кон електронската музика поточно Techno тој започнува да ги продуцира неговите први траки и за издавањето се погрижуваат големите светски издавачки куќи како Renesanz Records, Yin Yang Records, Baptism Records, Electrovino Records и др. Тој е исто познат по неговиот агресивен звук и неговите месечни шоуа.

Спектакалот ќе го достигне своето највисоко ниво кога на сцената ќе настапи DJ/Producer SAMOIL RADINSKI ( Logos Recordings ) кој е активен промотер на електронската музика од самите почетоци на ова движење.Неколку години има живеано во Прага, Чешка Република каде што има настапувано со многу врвни диџеи (Derrick May, Kevin Saunderson, Carl Craig, Kenny Larkin, Gene Farris, Fabrice Lig …итн.), во најреномирани клубови, врвни фестивали како Creamfields. Покрај тоа што работи како диџеј, тој исто така продуцира своја музика и како резултат на тоа има формирано своја продукциска куќа под името Logos Recordings.

Добро познатиот диџеј на минимал, техно и асид NENNAT OMEN кој своите локални успеси ги пренесе на многу музички фестивали како, GreenFest, VelikDance, 5-та димензија, KaleFest, АкваФест, Калабалак,Егзит Србија итн, а како главен момент во неговата кариера се наведуваат свирките во Чикаго и Њујорк, САД (2012) и благодарение на успехот на неговите свирки во Белград (2013), тој ги резервира свирките за 2014 година во разни градови во Србија и резиденцијата на Ибица. Неговите настапи се од светски размери, а самиот факт го поткрепуваат доказите, што сцената ја дели со многу локални и светски познати диџеи како Tomcraft, Marko Nastic, Младен Томиќ, Сашо Ресид, Адам Бејер, Грамофонџие, Милош Вујовиќ, Владимир Ачиќ, Локо Бејбе, Леди Де, Керкез, Дадоф итн

Ветуваме одлична забава, се гледаме на Божиќ!

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...