„Боинг“ наскоро ќе тестира вештачка интелигенција во авионите | Видео

199

„Боинг“ најави дека оваа година во симулатор ќе почне да испита нов модел на беспилотен патнички авион. 

– „Боинг“ ќе тестира технологија на вештачка интелигенција во симулатор на пилотска кабина ова лето, а следната година таков авион веќе ќе лета на небото, изјави потпретседател на секторот за развој на производите на „Боинг“, Меј Синет.

– Идната година ќе летаме во авион во кој некои одлуки кои инаку ги носат пилотите, сега ќе зависат од вештачката интелигенција, наведе тој.

loading...

Следниот предизвик е да се убедат регулаторните агенции дека летот во авионот со автопилот е безбеден и да се обидат да ги добијат потребните сертификати.

Најтешкиот дел, како што наведоа во „Боинг“, може да биде да ги убедат патниците да се одлучат да летаат во авион без управување на „човечки” пилот.

loading...