Болките во рамото може да укажуваат на проблеми со срцето

15463

Ако имате болки во рамото, тоа би можело да укажува на проблеми со срцето, тврдат научниците.

– Ако некој има проблеми со ротационата манжетна на рамото, тоа може да биде знак на некоја друга состојба, т.е. проблеми со срцето, изјави Курт Хегман од Универзитетот во Јута.

Во истражувањето научниците анализирале податоците од 1.226 лица, при што утврдиле дека колку се побројни факторите кои доведуваат до болести на срцето, вклучувајќи го високиот крвен притисок, високото ниво на холестерол и дијабетис, толку биле поголеми и проблемите со рамената.

Учесниците на истражувањето со најтешки фактори имаат 4,6 пати поголеми шанси да чувствуваат болки во рамената, од тие кои ги немале тие фактори. Исто така, шансите за тендинопатија на ротационата манжетна на рамената се шест пати поголеми.

Учесниците на истражувањето со средно ниво на ризични фактори имале помали проблеми со рамената.

– Голема сила може да го забрза влошувањето на проблемот со ротационата манжетна на рамената, но не е примарна причина. Ризичните фактори на кардиоваскуларните болести можат да бидат поважни од факторите на работното место, додаде Хегман.

Со контролирање на крвниот притисок и други ризични фактори за болести на срцето, можно е да се намали непријатното чувство во рамената.

Споделете со вашите пријатели … !!!