Болно искуство на бремена жена | Не знаев колку може да биде тешко да изгубите некого кого воопшто не сте го запознале (ФОТО)

4467
Booking.com INT

Спонтаниот абортус е едно од најстресните и најболните искуства за жената, но малку се зборува за тоа. Емили Кристин одлучи да ја сподели со светот приказната која ќе ве допре …

Bitcoin Exchange CEX.IO

Ми се одеше по мала нужда, но не ми дозволија. Рекоа дека бешиката треба да биде полна, бидејќи е полесно да се види бебето на ултразвук. Исто така, се сеќавам дека бев прилично нервозна, не само заради полната бешика, туку и поради тоа што конечно по осум седмици чекање ќе го видам моето бебе.

Конечно влегов во ординацијата каде што бев пречекана со широка насмевка, бидејќи се чинеше дека среќата заради бременоста била заразна. Ултразвукот започна, и срцето ми биеше од голема возбуда. Тоа беше денот на кој со сопругот чекавме повеќе од една година.

Меѓутоа, среќата и возбудата наскоро ја замениле конфузијата и стравот. Она што го видов на екранот беше сосема различно од сите сонограми кои сум ги видела на Фејзбук. Нешто не беше во ред. Не видов ништо, не знаејќи дека веќе доживеав абортус.

Гинекологот ја напушти ординацијата, а сопругот веднаш почна да ме убедува дека сè е добро. Сепак немало потреба лажно да се теши некој кој милион пати видел фотографии од ултразвук и кој пребарувал по интернет сакајќи да открие како изгледа неговото бебе во осмата недела.

Знаев дека нешто не е во ред и не беше.

Се сеќавам дека се плашев да заплачам. Мислев дека не заслужувам да пуштам солза, бидејќи “не сум била долго време во друга состојба” и “ова често се случува.”

Ги задржував солзите со секој атом на моето битие и не можев да го погледнам сопругот, бидејќи знаев дека неговата болка би ме скршила.

Ме пуштија дома, само клку моето тело да помине мине низ целиот процес и закрепнување. Докторката детално ми објасни што ќе ми се случува и за сè била во право. Сепак, не ме предупредила за некои работи …

"I had to pee so badly but they wouldn't let me go. They said I needed a full bladder because it’s easier to see the…

تم نشره بواسطة ‏‎Love What Matters‎‏ في 25 يناير، 2017

Не ми кажала дека моето тело во процесот на “чистење” со недели ќе ме потсетува на сè што се случило. Не ми кажала дека ќе го гледам сопругот како плаче. Не ми кажала колку ќе биде тешко да ѝ кажам на мама што се случило. Не ми кажала дека моето тело ќе продолжи да мисли дека е сѐ уште е во друга состојба. Не ми кажала колку ќе биде тешко да им кажувам на луѓето дека сум добро, иако не бев. Не ми кажала дека ќе станам завидна личност преку ноќ. Не ми кажала колку прашањето “Кога ќе станеш мајка?” ќе стане тешко.

И конечно … Не ми кажала колку е тешко да се изгуби некој кого никогаш не сте го запознале.

Но, ми рече дека е во ред да плачам и дека не сум сама во сето тоа.

Абортусите се реална и многу честа појава, всушност, една од четири жени доживува спонтан абортус, но не дозволете тоа да ве наведе дека во тој случај болката е помала. Без оглед на статистиката, сè уште се чувствувам сама во сèто, и сега дознав и зошто е тоа така. Затоа што за тоа малку се зборува.

Не бев ниту свесна дека не бев сама во сето тоа додека не почнав да разговарам со моето семејство и пријателите. Мајка ми, мојата тетка како и сестрата на најдобрата другарка, ја доживеале оваа болка, болка каква не би ја посакала дури ниту на најлошиот непријател.

Луѓето можеби ќе се прашуваат зошто решив да зборувам за ова неколку месеци по сѐ, но вистината е дека времето не ги лечи сите рани, па се надевам дека ова исповед ќе ми помогне малку да заздравам. Јас не барам сочувство и одговори. Ова го споделувам со надеж дека во иднина барем една жена ќе се чувствува помалку осамена.

Ова е мојата надеж за вас …

Се надевам дека нема да се чувствувате осамени.

Се надевам дека ќе си дозволите да заплачете.

Се надевам дека ќе најдете сила и ќе ја видите светлината на крајот од тунелот.

Се надевам дека ќе бидете посилни откако вашата вера ќе биде тестирана.

Се надевам дека ќе најдете мир.

Се надевам дека нема да се плашите да пробате повторно.

Се надевам дека нема да се обвинувате.

Се надевам дека пријателите ќе ве гушнат посилно.

Се надевам дека после сѐ и вие некого ќе утешите.

… и се надевам дека ќе го славите животот на вашето бебе исто колку што ќе го славите животот и на следното, бидејќи без разлика колку краток живот бил, секој заслужува слава, како што и секоја загуба треба да се жали.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...