Бона Деа, дел од „Улични музичари и артисти“

487

Бона Деа постои нешто повеќе од пет години и во него членуваат млади, талентирани и амбициозни уметници. Во почетокот се формираат како дуо, но подоцна бендот прераснува во трио во кое членуваат, Александра Станкоска, Дарко Јованов и Марија Коцевска.

Бендот има гостувано на доста манифестации и настапи низ земјава, Македонски избор за песна на евровизија (2010), Влашкиот фестивал Fantana di Malama (2012), Канео Фест (2013), редовен учесник на Илинденската прослава во Крушево, АдХок фестивалот (2015), денови на франкофонијата (2016). Бона Деа во моментално се дел од проектот „Улични музичари и артисти“, кој е во организација на ЈУ Конгресен центар „Александар Македонски“- Скопје. Во склоп на проектот свират неколку пати во неделата во просторот на Градскиот Трговски Центар.

Бона Деа2-001

loading...

„Добивме прилика да запознаеме и да свириме со луѓе кои претходно не би ги сретнале. Најбитен е фактот што се забавуваме, а со тоа им додаваме насмевки на лугето кои поминуваат покрај нас и ја збогатуваме атмосферата на градот со неколку убави ноти.“ – вели Дарко Јованов, член на бендот.

Бона Деа3

„Поради широкиот диверзитет на песните кои ги свириме, ни застануваат луѓе од сите возрасти, најчесто млади родители со своите деца, а дечињата ќе почнат да играат. Многу се слатки. Мислам најдобар момент ни беше кога ни пријде една стара жена и не праша дали ја знаеме “Еден Бакнеж”. Почнавме да ја свириме, по што забележавме солзи на лицето на жената. Дали беа солзи радосници или едноставно потсетник за старите изминати денови од младоста не знаеме, но малку ни фалеше и ние да заплачеме.“ – раскажува Јованов.

Бона Деа4-001

Денешниот репертоарот на бендот содржи блуз музика, стари рок класици, македонска, влашка, руска и француска музика.
Уличните музичари го будат духот на Скопје!

loading...