Боровинките го чуваат здравјето на срцето и поттикнуваат слабеење

926

Боровинките помагаат во намалување на масните перничиња наталожени на стомакот, го намалуваат нивото на холестеролот и ефикасно го балансираат нивото на шеќерот во крвта.

онсумирање на боровинки помага во губење на масти наталожени на стомакот, покажа едно истражување на Универзитетот во Мичиген. Исто така, го намалува холестеролот и прави рамнотежа на нивото на шеќерот во крвта, па дури и со нездрава исхрана.

Ефектот е најсилен ако боровинките се комбинираат со нискокалорична храна. Масните наслаги во пределот на стомакот, го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања и дијабетес, па исхраната богата со боровинки е корисна во превенција на овие болести. Бидејќи, истражувањето е спроведено на глувци, потребни се дополнителни студии кои би го потврдиле таквиот ефект кај луѓето. Но, друго истражување покажало дека мажите со висок ризик фактор за срцеви заболувања ја подобриле состојбата откако три недели пиеле сок од диви боровинки. За корисниот ефект на ова шумско овошје заслужни се антиоксидансите, природните состојки кои го менуваат начинот на искористување на шеќерот во исхраната.

loading...

borovinki

Од боровинките подобро се гледа и подобро се мисли

Претходните истражувања покажале дека боровинките го “хранат” мозокот и помагаат во одржување на менталната јасност во длабока старост. Исто така, боровинките го подобруваат ноќниот вид, но, исто така, им помагаат на оние кои страдаат од т.н. кокошкино слепило и обезбедуваат природна заштита од болести на очите.

loading...