Бојадисување коса носи ризик од рак на дојка

2377

Жените не би требало да ја бојадисуваат косата повеќе од шест пати годишно и би требало да користат природни состојки за да го намалат ризикот од добивање рак на дојка, предупредува британскиот хирург Кефа Мокбел.

– Жените кои ја бојадисуваат косата имаат 14 пати повеќе шанси да заболат од рак на дојка, вели др. Мокбел и додава дека жените треба да го намалат изложувањето на синтетички бои и да се ориентираат кон користење к`на и бои на база на билки.

Важно е да се изберат бои кои имаат минимална концентрација на ароматски амини, како што е ППД, односно концентрацијата да биде помала од два отсто.

– Иако е потребно дополнително истражување за да ги потврдиме резултатите, нашите откритија укажуваат на тоа дека изложувањето на бои за коса може да предизвика рак на дојка. На жените кои редовно ја бојадисуваат косата им се советува редовно да одат на прегледи на гради после 40-та година од животот, предупредува овој британски лекар. Тој дополни дека засега не постојат докази дека средствата за нега на коса го зголемуваат ризикот за рак на дојка.

Во истражувањето е набљудувана статистичката поврзаност на користењето бои за коса и ризикот од заболување од рак на дојка.

loading...