Бразилскиот пензиски фонд бара докази од шефот на државата дека е жив

530

Бразилскиот пензиски фонд го повика шефот на државата Мишел Темер да се појави во нивните простории и лично да докаже дека е жив, за да може и натаму да прима пензија.

Фондот при крајот на минатата година за два месеца не му исплатил пензија на 77-годишниот Темер. Тој пак, правото на пензија го стекна со навршени 60 години, кога беше државен обвинител во Сао Паоло, но лани не се појавил лично на шалтерот, што е задолжително за сите бразилски пензионери.

Во интервју за локална телевизија, бразилскиот претседател изјави дека е „среќен што го третираат како и секој друг Бразилец”, додавајќи дека „ќе мора да  се појави на шалтер и да докаже дека е жив, токму како и сите останати”.

Рекордно најнепопуларниот претседател Темер лани имаше многу здравствени проблеми – три интервенции со коронарна ангиопластика, два стента и операција на простатата.

loading...