Бред Пит за повлекувањето на САД од Климатскиот договор | Станува се потопло, нема иднина | Видео

325

Откако американскиот претседател Доналд Трамп ги повлече САД од Парискиот договор за климатски промени, социјалните мрежи се преплавени со негативни коментари и шеги на негова сметка.

Прв од славните личности кој се јавно реагираше на претседателската одлука беша актерот Бред Пит.

Тој во „Шоуто на Џим Џефрис“ се појави како водител на временска прогноза, соопштувајќи дека САД се повлекле од Парискиот договор и ги објасни последиците по животната средина од таквата одлука.

Стоејќи пред картата на светот обоена во црвено во сите делови, Пит покажувајќи на некои делови рече: „Ќе биде уште потопло, малку овде, малку онде“.

Водителот Џефрис, кој изгледаше помалку шокирано од прогнозата за времето, потоа го праша Пит за предвидувањата за во иднина.

– Нема иднина, одговори актерот.

loading...