Бременоста го менува и мозокот на мајката

1070

Бременоста ја менува големината и структурата на подрачја на мозокот вклучени во разбирање на мислите, чувствата, уверувањата и намерата на другите луѓе, се наведува во студија објавена оваа недела во списанието „Nature Neuroscience“. 

Многу од тие промени траат две години по породувањето.

– Не истражувавме дали промените се одвиваат и надвор од тој период, рече Елселине Хоекзема, една од авторките на студијата во Универзитетот Леиден од Холандија.

Претходните истражувања спроведени на глувци, покажале дека некои промени на мозокот и однесувањето по бременоста траат и до длабока старост, но кај луѓето тоа се уште не е утврдено со оглед на тоа дека овие истражувања траат само две години.

Значењето на тие промени и времето на нивното траење допрва треба да се одреди, порачаа научниците.

loading...