Британски кардиолог ја шокира јавноста | Маснотиите го чуваат здравјето, еве што нѝ ја зголемува телесната тежина!

22774

Безброј пати до сега сме слушнале дека мастите се штетни за здравјето, затоа што ги затнуваат артериите, го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања, предизвикуваат дебелина …

Но, британскиот кардиолог д-р Aseem Malhotra го тврди токму спротивното. И далеку од тоа дека е единствениот!

Имено, новите истражувања покажуваат дека непријателот број еден на вашето тело – е шеќерот. Покрај тоа, д-р Malhotra тврди дека полномасните производи се добри за здравјето и дека има доволно докази кои покажуваат дека тие не само што не доведуваат до проблеми со срцето, туку дека токму исхраната која вклучува полномасни млечни производи штити од срцеви заболувања и дијабетес тип 2.

loading...

Д-р Malhotra ги поттикнува своите пациенти да јадат масти, но да ги избегнуваат “лајт” производите.

“Им советувам да јадат полномасни производи и храна што содржи заситени масти. Кога уште ќе им напомнам да се држат настрана од сѐто она што наводно го намалува холестеролот, ме гледаат со отворена уста”, вели кардиологот.

Тој, исто така, објаснил дека сите производи кои наводно го намалуваат холестеролот го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања и додава дека маснотијата не е (главен) виновник за дебелината.

“Ги избегнував полномасните производи, тренирав, но сепак имав масти на стомакот. Тогаш почнав да го истражувам влијанието на маснотиите врз здравјето”, вели лекарот.

Д-р Malhotra тврди дека најголема опасност за здравјето е шеќерот, а со него се согласува и професор педијатар д-р Robert Lustig. Тој, исто така, го проучувал влијанието на маснотиите и шеќерите врз дебелината кај децата, и заклучил дека производите кои содржат шеќер би требало да имаат истакнати предупредувања, како што имаат цигарите или некои алкохолни пијалаци.

Сѐ повеќе има експерти кои веруваат дека, главниот виновник за прекумерната тежина и една цела низа поврзани болести, не се мастите, туку шеќерот.

“Не се дебели од мастите, исто како што не станувате зелени од зеленчук што го јадете”, истакнува кардиолог, а д-р Gary Tobis предупредува дека дебелината нема никаква врска со бројот на калориите, туку со она што јадеме.

Во прилог на тоа зборува фактот дека околу 23% од населението во Шведска се придржува до режимот на исхраната кој вклучува полномасни производи, а што е можно помалку јаглени хидрати.

Шведскиот експерт д-р Andreas Eenfeldt, кој ја осмислил програмата на исхрана со помалку јаглехидрати, а повеќе масти, вели дека многумина мислат дека неговиот режим на исхрана е “темпирана бомба”, но, додека секаде во светот има сѐ повеќе дебели, факт е дека бројот на луѓе со дебелина во Шведска постепено се намалува.

Истражувањата на Шведскиот здравствен совет покажале дека токму овој режим на исхрана е најдобар, не само за отстранување на тежината, туку и за намалување на ризикот од кардиоваскуларни заболувања кај дебелите луѓе.

Покрај тоа, две студии кои во 2014 година ги спроведе Сојузот за медицински истражувања на Универзитетот во Кембриџ покажале дека заситените масти од млечни производи, ако се консумираат умерено, го намалуваат ризикот од дијабетес тип 2 и срцевите заболувања.

loading...