Британски писател објави „конкурс за навредлива поезија“ за Ердоган

322

Британскиот писател и новинар Даглас Мареј објави „конкурс за избор на навредлива поезија“ за турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, јави весникот „Хуриет дејли њуз“. 


Конкурсот е објавен на 18 април, по скандалот со песната што германски комичар ја изведе на телевизијата ЗДФ, која содржеше навреди за турскиот претседател.

Мареј, кој е издавач на неделникот „Спектатор“, најави дека од песните што ќе стигнат на конкурсот ќе објави стихотворбата, чија промоција ќе биде на 23 јуни.

Тој сепак посочи дека нема да има награда за победникот на конкурот, поради недостиг на спонзор.

Германскиот телевизиски комичар Јан Бехерман ја изведе песната со навредливи зборови кон Ердоган во сатирична програма на ЗДФ на 31 март. По ова, на 12 април турскиот претседател поднесе тужба против Бехерман.

loading...